Погребан на денот кога требало да се жени!

Кога Џенифер Катер (26) и нејзиното момче Соломон Чау (26) почнале да ја планират венчавката во април 2014 година, но не сфатиле каква трагедија ги чека.Минатата година во декември докторите установиле дека Соломон има рак на црниот дроб кој го оперирале и мислеле дека операцијата е успешна. Но, тој во март е примен во болница со силни болки во стомакот. Ракот се вратил и напреднал толку брзо, што докторите му дале уште неколку месеци живот. Тие планирале да се земат во август месец оваа година, но венчавката ја поместиле за април, со оглед на тоа дека докторите рекле дека Соломон можеби нема да го доживее август.
Само 4 месеци по венчавката, на 26 години, Соломон починал и неговиот погреб бил на денот кога иницијално сакале да се венчаат.
Трогателно видео од венчавката ја покажува неизмерната љубов и заветот на вечна љубов иако знаеле дека на Саломон му остануваат само 4 месеци живот.
„Најневеројатната личност која ја pознавав почина после 8-месечна борба со рак“, напишала Џенифер.
„Сол се бореше долго и даде се од себе. Неговиот оптимизам и смисла за хумор не држеа и двајцата. Поради тоа никогаш нема да можамда престанам да мислам на него“, додала таа. Тие двајца се запознале на 19 години на журка која Соломон ја приредил. Џен прво не била заинтересирана, но Соломон бил маѓепсан па парот набрзо почнал да се забавува. Биле заедно шест години пред Саломон да ја прашал да се омажи за него.

 
Кога одлучиле венчавката да се оддржи порано поради прогнозата на доторите, парот направил страница под името GoFundMe и така собрале 50.000 долари донации за само неколку дена. Оваа година на 11-ти април тие се венчале и заминале да ги видат Нијагарините водопади за меден месец. Иако докторите рекле дека нема шанси, Соломон се борел до последниот ден.
„Никогаш нема да знаеш каково влијание изврши на мене. Ме научи низ се овие месеци да не дозволам било кој ден да ми помине залудно. Доживотно ќе ти бидам должник затоа што ми покажа што навистина преставува љубовта и се што научив за овие 26 години многумина не го учат за целиот живот. Требаше да живееме заедно уште 60 години, но јас и понатаму сум благодарна што Бог ни ги даде и овие осум. Ти си се она што го посакував од сопругот и секогаш ќе бидеш во моето срце. Се гледаме на тремот, љубов“, напишала таа.
Минатата година во декември докторите установиле дека Соломон има рак на црниот дроб кој го оперирале и мислеле дека операцијата е успешна. Но, тој

Пронајдете не на следниве мрежи: