Погребана малата Анастасија: Мајкина среќо зошто си одиш?

После овие зборови мајката Снежана, на гробиштата се онесвестила.Денот кога почина малата Анастасија во еден глас плачеа и млади и стари. Уште поголема е тагата и солзите на нејзините школски другари и другарки. Посебна тага на последното опростување од овој мал ангел изразиле другарите кои седеле со неа во клупа. Фактот дека никогаш повеќе нема да биде покрај нив бил навистина ужасен.

Деветгодишната Анастасија која боледувала од хордон, тежок облик на тумор починала во својот дом во Врање откако еден ден предтоа паднала во кома, а синоќа била погребана во Долноврањанските гробишта.
Најтажно од се било кога пред сите нејзината мајка почнала да плаче и тагува за својата миленичка.
„Ќерко моја, мајкина радост, мајкина среќа, зошто одиш, каде ли те испраќа твојата мајка, мило мое“… Ќе гледаме во небото и ќе те видиме помеѓу ангелите!- извикала нејзината мајка, додека нејзиниот татко Драган се држел за ковчегот на својата ќерка…Денот кога почина малата Анастасија во еден глас плачеа и млади и стари. Уште поголема е тагата и солзите на нејзините школски другари и другарки.

Пронајдете не на следниве мрежи: