Погребот на Мандела ќе биде на 15-ти декември

Првиот црн јужноафрикански претседател Нелсон Мандела ќе биде погребан на 15 декември во селото на своите претци, Куну, на Источниот Р’т, соопшти денеска претседателот на земјата Џејкоб Зума.За време на седумдневната национална жалост, на 10 декември ќе се одржи комеморација на отворено, на стадионот во Јоханесбург, каде во 2010 година се одржа финалето на Светското првенство во фудбал.
Телото на починатиот борец против апартхејдот во Јужна Африка и прв црн јужноафрикански претседател, Нелсон Мандела, денеска е пренесено од неговиот дом во реонот Хоутон во Јоханесбург, до воената болница во Преторија.
Мандела почина синоќа во својот дом во Јоханесбург на 95-годишна возраст, а како што соопшти јужноафриканскиот претседател Џејкоб Зума, тој ќе биде погребан со сите државни почести.
Во Јужна Африка е прогласена национална жалост. До погребот националните знамиња низ целата земја ќе бидат спуштени на половина копје.
И семејството на Мандела сакаше тој да биде погребан до неговите починати деца во градот Куну, во провинцијата Источен Кејп. Во Куну е погребан неговиот син Макато, кој во 2005 година почина на 55-годишна возраст, неговата прва ќерка Маказиве, почината на деветмесечна возраст во 1948 година, и вториот син Тембекиле, кој загинал во 1969 година
во автомобилска несреќа на 24-годишна возраст.За време на седумдневната национална жалост, на 10 декември ќе се одржи комеморација на отворено, на стадионот во Јоханесбург, каде во 2010 го

Пронајдете не на следниве мрежи: