Бриана Алтис (34) од Јута, САД, која беше обвинета за секс со малолетен 16-годишен ученик, сега вели дека всушност таа била жртвата.Иако законот на Јута вели дека учителка или какво било друго надредено лице не смее да има сексуални односи со лице кое нема наполнето 18 години, нејзиниот адвокат побара повлекување на обвинението против неа.
Адвокатот тврдеше дека ученикот постојано се обидувал да изнуди секс од својата учителка. По долго настојување, таа повеќе не можела да го издржи притисокот и се согласила.
Адвокатот рече дека и самиот ученик признал дека тој побарал секс од учителката и дека никој ништо не правел на сила. Сепак, судијата реши да ги отфрли овие искази.
Ученикот самиот им раскажал се на истражувачите, за куќата ан учителката, за нејзините тетоважи, за тоа како и каде се сретнале прв пат. Исто така посочил дека кога неговото семејство се отселило од Јута западнал во депресија, почнал да се дрогира и бил во очај бидејќи повеќе не ја гледал учителката.
Бриана Алтис е четврта учителка од Јута која во последниве 5 години се соочува со обвиненија за сексуално злоставување на ученици.
Иако законот на Јута вели дека учителка или какво било друго надредено лице не смее да има сексуални односи со лице кое нема наполнето 18 години, н



