Сега веќе и режисерка со стаж, а не само актерка, Анџелина Џоли, неодамна била видена во Лос Анџелес. Повод за тоа било нејзиното најново остварување, драмата “First They Killed My Father”.Анџелина покажала што е стил, додека во тесно, црно и елегантно здолниште до под колената и бела кошула им позирала на фото-репортерите. Толку едноставно, а многу префинето и ефектно.
Изгледот го потполнила со високи беж потпетици и светлосива ташна, а косата ја оставила да и паѓа преку рамениците.
Сепак, вниманието на повеќето фанови не било привлечено од нејзиниот беспрекорен стил, туку од фактот што 42-годишната актерка е премногу слаба.
На многумина им изгледало дека актерката во секој момент ќе се прекрши на половината, и дека со оваа широка кошула се обидела да сокрие колку е всушност слаба. Затоа ја советувале дека нема да биде лошо да накачи некој килограм повеќе.
Анџелина покажала што е стил, додека во тесно, црно и елегантно здолниште до под колената и бела кошула им позирала на фото-репортерите. Толку едно