Техничката министерка за труд и социјална политика Фросина Ременски срамно се дрзна да бара извинување од Сојузот на слепи лица, бидејќи тие се борат за нивните права.Техничката министерка преку ополномоштен адвокат поднела барање за извинување и демант до претседателот на Националниот сојуз на слепи на РМ Жарко Селковски за наводна навреда, која пак претседателот на Сојузот ја смета како притисок врз работата на невладината и неполитичката организација на слепите лица во Македонија.
По ова барањето за за извинување, реагираше и претседателот на Националниот сојуз на слепи лица. Во продолжение ви го пренесуваме интегралниот текст од Селковски.
-Го добив дописот од вашиот ополномоштен адвокат со барање за извинување и демант на ставовите кои ги изнесов на одржаната прес конференција од 13.2.2016 година. Во барањето е наведено тврдење дека “наводно” сум изнел груби невистини во врска со затворањето на Дневниот центар за деца со оштетен вид во Скопје.
Како претседател на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија изнесов јавна реакција на барање на родителите чии деца го посетуваа овој дневен центар и кои негодуваа поради затворањето на истиот без никакво образложение. Овој дневен центар е од суштинско значење за слепите деца од предучилишно образование.
Мојата изјава не беше во насока да ве навреди вас лично ниту пак да изнесам тврдења кои не соодвествуваат со вистината.
Доколку на било кој начин сметате дека мојата изјава и ставови одржани на прес конференцијата на било кој начин ве навредува ви се извинувам.
Но, фактите говорат дека Дневниот центар во моментот на мојата јавна реакција беше затворен и дека поодржаната прес конференција истиот беше отворен. Оттука станува нејасно што во мојата изјава претставува груба невистина, навреда или пак клевета.
Ваквиот начин на барање на извинување поднесено од вас преку ополномоштен адвокат, за наводна за навреда која ја немам кажано, односно барање за извнување заради тоа што се борам за правата на слепите и слабовидните деца и лица, госметам за притисок врз работата на невладината и неполитичката организација Национален сојуз на слепите на РепубликаМакедонија.
Ако продолжите со притисоци врз Сојузот ве известувам дека ќе го радикализираме начинот на дејствување во борбата за нашите права. Никој ама баш никој со било каков метод и форма на притисок нема да не спречи да се бориме за правата на слепите деца и лица.
Како претседател на Националниот сојуз на слепите на Република Македонија моја обврска е да се грижам за правата и реализација на барањата на слепите лица. Привременото затворање на Дневниот центар за деца со оштетен вид го доживеавме како удар и ускратување на едно право на овие деца да бидат згрижени. Вие, со должна почит, не можете да ни го одземате она што е резултат на наше долгогодишно барање.
Националниот сојуз на слепите на Република Македонија и понатаму ќе се бори за реализација на што е можно повеќе иницијативи кои ќе го подобрат животот на слепите.
Техничката министерка преку ополномоштен адвокат поднела барање за извинување и демант до претседателот на Националниот сојуз на слепи на РМ Жарко