Владата на ВМРО- ДПМНЕ се сруши на сила од надвор за да се реши проблемот со името на штета на Македонија. Истите тие ќе бараат начин со пари да се обидат да го поткупат гневниот народ кој со право ќе е лут заради промената на името, а со тоа и на идентитетот. Дали ќе се исполни, зависи од сите нас, највеќе од свесните граѓани на Република МакедонијаСега кога целта на целата специјална операција и војна е повеќе од јасна – Владата на ВМРО-ДПМНЕ се сруши на сила од надвор за да се реши проблемот со името на штета на Македонија да се острани пречката за влез во НАТО, следува период кој е повеќе од видлив со голо око.
-Странците ќе го одврзат и ќесето. За нив тоа нема да е многу, на истите тие на кои Грција им должи и пак и даваат 300-400 милијарди евра, 500 милиони евра на пример, или дупло- милијарда за нас е тешка пара, но за странците не. Преку ИПА фондови, грантови, меки кредити, вакви и онакви програми, ќе најдат начин да се обидат да го поткупат гневниот народ кој со право ќе е лут заради промената на името, а со тоа и на идентитетот. Зоран Заев ќе го прогласат и за најдобар реформатор за економија, за судство, за медиуми, и за се што треба. Ќе пробаат да го прават регионална ѕвезда, за народот полесно „да го голтне“ и да помисли: види откако дојде Зоран Заев цел свет не сака. Заев експресно ќе ги изглади односите со соседите и за тоа ќе добие високи меѓународни признанија. Освен што ќе ги удоволи Грците, ќе ги почасти и Бугарите со потпишување на договорот со кој ќе го добијат тоа што го сакаат. Албанија и Косово и онака веќе го слават, а ќе им шепнат и на Србите да го пофалат нешто. Посебно што кога ќе се смени името, експресно ќе се реши и црковното прашање со српската црква.
-Во сето тоа време ќе се потсетува колку ВМРО-ДПМНЕ ја уназадиле државата и не скарале со сите. Небаре се бореа за себе лично со отпорот на Грција за името и на Бугарија за јазикот и посебноста. Ама сега тие ќе треба бидат сеништа од минатото, а Заев ѕвезда која сјае. За да помогне во сето ова, од надвор веќе му одбраа на Заев и МНР по нивни терк:- Никола Димитров. Човек кој на сето ова треба да му даде некаков убав дипломатски, слаткоречив, милостив и оптимистички шмек. Човек кој е вработен од меѓународната заедница и кој откако ќе ја заврши задачата пак ќе си оди да работи за нив, веројатно повисоко од она досега во институтот за меѓународна политика во Хаг финансиран од САД и холандската влада. Тој ќе си отиде, а Заев и срамот ќе останат во Македонија.
-Медиумските мегафони на социјалдемократите, со помош на оние кои до вчера важеа за провмровски, а веќе свиткаа кичма и му се поклонија на Заев и неговите надворешни управувачи, на големо ќе ја градат оваа атмосфера на бајка. И се така додека не се смени името.
-Потоа уште 5-6 месеци ќе ја играат истата игра, оти сите странски лидери ќе сакат да се дел решението на проблемот, па ќе сакат да се сликаат со Зоран Заев и да лажат колку мудри политики води и дека ќе помагаат и дека помогнале и слично. И ќе помине таа една година на лажна слика, на сон, на бајка, на илузија. Парите ќе се потрошат, сликањата ќе се заборават, гушкањата ќе поминат, ќе остане нешто засекогаш: сменето име и идентитет.
-Додека сето ова трае најголема жртва ќе е ВМРО-ДПМНЕ и Груевски бидејќи тие ќе бидат на удар. Кога ќе заврши, ако успешно заврши, најголема жртва ќе е македонскиот народ, името и идентитет, нашата културна посебност, нашата гордост и достоинство. Сепак, нема да оди се така глатко. Ова што го пишувам е како тие планираат. Дури има и најави за да се охрабри народот да се договори со Грција на почеток без промена на името да се добие поканата и датумот за преговори, и да се прикаже слика дека Заев издејствувал чудо, да се крене еуфорија, да се слави, да се крене неговиот рејтинг, за потоа да дојде ударот. Демек, ајде Грците излегоа коректни, ајде сега да го решиме прашањето еднаш и засекогаш во една позитивна атмосфера во која навидум ќе нема уцени.
-Секако ќе се направи обид и Грција нешто да попушти, ама не многу. Грција е со многу слаба и многу непопуларна влада. Од надвор можат да ја срушат во било кој момент, и да дојде опозициската Нова демократија, која е и потврда за името, па затоа подобро е Сириза да преживее уште некое време во владата. Ним им следува период кога треба да враќаат нови долгови и да прават нови непопуларни кратења на плати, пензии и слично. Во последно време се отвори дебата дека можеби подобро е да се отпише долгот на Грција, бидејќи некако сите членки на еврозоната ги влече надолу. Грците би биле многу среќни со отпишувањето, а многу несреќни со исполнување на условите за следната транша. Играјќи на таа карта, ќе се бара и од нив некоја отстапка, ама не многу голема. Сепак Грција е Грција, а Заев е Заев.
-Доколку се ова се се одвие вака, добро ќе е што ќе станеме членки на НАТО и ќе почнеме преговори за ЕУ. Лошо ќе е што ќе ја загубиме 25 годишната битка за името и идентитетот, и со Грција и со Бугарија. (Ќе) Не убедуваат дека идентитетот нема да се чепка, но тоа ќе биде приказна за нас во Македонија. Јасно е дека идентитет е во името.
Проѕирен е овој план. Дали ќе се исполни, зависи од сите нас, највеќе од свесните граѓани на Република Македонија – пишува Наум Стоилковски на својот ФБ профил.Сега кога целта на целата специјална операција и војна е повеќе од јасна – Владата на ВМРО-ДПМНЕ се сруши на сила од надвор за да се реши про