Покрај Вардарска, ќе има Пиринска и Егејска Македонија како самостојни држави?!

Лидерите на Албанија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Косово, Македонија и Србија кон крајот на септември ќе седнат на заедничка маса за да основаат собрание на западен Балкан, но без Хрватска и Словенија.Радио Слободна Европа јавува дека иницијативата ја покренал црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ а средбата била одобрена и од Европската Унија.
Идејата се поврзува со поранешна Југославија, но без Хрватска и Словенија. Од страна на иницијаторот веќе е упатен таканаречен “non paper”, како почетен документ за конституирање на „балканската шесторка“ или скратено G6.
Во контекст со тој предлог ние би можеле да излеземе како двојни победници, така лесно би можеле да дојдеме до решение со името. Имено ние тука од Вардарскиот дел на Македонија би можеле да влеземе во тој сојуз како Вардарска Македонија, чисто да ги разграничиме кои делови од Македонија ќе бидат во Сојуз на независни држави во склоп на G6.
Од ова ќе заклучиме дека всушност ние отсекогаш и сме биле Вардарска Македонија, па затоа и во спорот со името НЕ да го смениме, туку да се корегираме попрецизно и да си го задржиме нашето изворно име Вардарска Македонија, и да напоменеме ова не значи менување на името, ова е само потврда на она кои сме ние вистински, а тоа одсекогаш било и ќе биде Вардарска Македонија.
Македонија има 3 дела:Вардарска Македонија, Пиринска Македонија и Егејска Македонија. Вардарска Македонија е самостојна независна држава, додека Пиринска Македонија и Егејска Македонија се во склоп на други туѓи држави, но како што и Вардарска Македонија има своја самостојна држава, така да и Пиринска и Егејска Македонија можат да имаат и они свои сопствени самостојни држави.
think.mkРадио Слободна Европа јавува дека иницијативата ја покренал црногорскиот министер за надворешни работи, Игор Лукшиќ а средбата била одобрена и од Е

Пронајдете не на следниве мрежи: