Турските власти денеска покренаа обвиненија против 99 генерали, поради нивна вмешаност во обидот за воен удар во земјата во ноќта меѓу петокот и саботата.Како што јавија турските медиуми, покрај веќе официјално обвинетите генерали, уште 14 други се во притвор под сомнеж за поврзаност со обидот за преврат.
Турската Армија има вкупно околу 360 генерали.
Во меѓу време, Хабертурк јави дека поради поврзаност со обидот за пуч денеска од работа биле отпуштени 25 професори на Истанбулскиот универзитет.
Информацијата за отпуштањето на професорите доаѓа по соопштението на Советот за високо образование на Турција во кое се наведува дека на универзитетите им е наредено да не испраќаат во странство универзитетски кадри, а веќе заминатите веднаш да се вратат во земјата.
Како јави државната телевизија ТРТ, забраната за патување е воведена еден ден откако Советот за високо образование побара оставки од ректорите на сите 1.577 универзитети на територијата на Турција.
Министерството за образование, од своја страна, им ја одзеде лиценцата за работа на 21.000 наставници и учители, кои работат во приватни образовни институции.Како што јавија турските медиуми, покрај веќе официјално обвинетите генерали, ушт