Полека паѓаат лагите и конструкциите на Јанева и СДСМ

Специјалното јавно обвинителство со Записник за примопредавање на предмети, преку устражител во МВР, ги вратило одземените лични карти за наводниот криминал кој го откри Оливер Спасовски и со кој ја манипулираше јавноста.Како што се дознава, освен во Скопје одземени лични карти биле вратени и во Гостивар – 1168. Во Струмица 217, 189 во Струга, 178 во Кичево. Лични карти се вратиле и во Тетово, Куманово, Велес, Неготино, Битла, Прилеп, Дебар, Македонски Брод, Делчево, Валандово, Радовиш, Гевгелија, Штип, Крушево, Кавадараци, Неготино, Кратово, Берово и Свети Николе.

Ваквиот записник е само уште една потврда во низата со кои паѓаат во вода сите манипулации и конструкции дека некој од вработените правеле било каков криминал при издавањето на личните карти. Целата конструкцијапочна да излегува на површина кога засегнати граѓани јавно се пожалија дека семалтретирани и тормозени само за некој да ја добие улогата и да глуми криминал.
За потсетување, таков беше примерот со Македонка од Лондон која не можела да си ја подигне личната карта бидејќи и била одземена од Катица Јанева.
-Не живеам во Македонија повеќе од 10 години, но имам лична карта. Последната беше со важност до јуни 2015 година. Мојот татко ми закажа термин за вадење нов документ, па така специјално дојдов во Македонија со намера да си ја обновам личната карта. Се вратив назад, а моите родители неколку пати се обидуваа да го подигнат документот, но тоа морало да се стори лично. Kога дојдов во февруари, разбрав дека личната карта ми е во специјалното обвинителство. Оттаму ме тераа писмено да им се обратам за проблемот. Сега, во февраури кога бев во можност да бидам во Македонија никој не знаеше да ми даде конкретен одговор каде можам да ја најдам личната карта за да ја подигнам. Првиот пат еден господин на шалтерот ми рече дека личната карта ми е земена и тоа со зборовите: „Девојко, избори се, некои лични карти беа земени“. На мое прашање од кого се земени,ме препрати кај неговиот шеф. Таму, пак,беше вистински хаос и информации не добив. Наредниот ден господинот ми кажа дека личните карти се кај Kатица во специјално обвинителство. Го прашав која е Kатица. Се зачуди и ми искоментира: „Kако не знаеш која е Kатица?“. Најпосле ми кажа дека се работи за посебна институција и каде се наоѓа Обвинителството, па се упатив таму – раскажуваше за своето патешествие иселеничката за Дневник.
Во СЈО имала кратка средба со некоја од обвинителките, чие име не го дознала.
– Дојде една девојка која беше сосема незаинтересира. Ми рече дека за мојот случај мора писмено да се обратам, но кога ѝ реков зошто писмено да се обраќам кога еве веќе сум лично тука и можам директно да поднесам барање или да ми даде електронска адреса на која би можела да се обратам, дрско, многу дрско ми се обрати: „Да не сакаш јас да ти ја напишам молбата?!“ – вели иселеничката за односот во СЈО.
Единствениот, досега докажан скандал со личните карти е аферата која членот на СДСМ Захир Бекири Чауш сакаше да ја фабрикува преку Фокус. Бекири се наоѓа во притвот, а при претресот во неговиот дом беше откриена таканаречената Фабрика за афери во која тој ги изработил лажните лични карти за потребите на опозицискиот Фокус, но и за креирање на наводен скандал.
Сепак, ова не е прв случај со кој  Оливер Спасовски се посрамоти како министер за внатрешни работи. Тој помпезно најави дека открил 70.000 фалсификувани возачки дозволи. Но, германската компанија која со години ги изработува обрасците јасно го демантираше Спасовски дека не се работи за никаков криминал, туку техничка грешка и негова груба манипулација. По ова целата афера исчезна од соросовите медиуми, како што исчезна и Спасовски.Како што се дознава, освен во Скопје одземени лични карти биле вратени и во Гостивар – 1168. Во Струмица 217, 189 во Струга, 178 во Кичево. Л

Пронајдете не на следниве мрежи: