Полека стануваат минато очајните слики во загрозените региони

На шести август вечерта Скопје и неколку села од општините Гази Баба и Илинден беа зафатени од неколкучасовно страотно невреме проследено со обилни врнежи од дожд и град чиј интензитет се рамни со врнежите на годишно ниво во Македонија на метар квадратен.Науката се уште не излегла со финална дефиниција за невремето, но и страотните поплави кои зедоа над дваесет животи, неколку стотини повредија, домовите на илјадници семејства се потопија, а водените бранови им ја однесоа сета покуќнина, стоката, земјоделските насади.
Во првите денови по поплавите граѓаните на Стајковци, Инџиково, Економија, Црешево, Смилковци, Виниче, Страчинци изгубија се што стекнувале низ животот. Од првиот ден по невремето, надлежните почнаа со организација на зафатот санација на последиците од невремето. На прво место потрага по преживеани , извлекување на мртвите, хоспитализирање на повредените, испумпување на водата од домовите, дислокација на покуќнината која е стопроцентно оштетена, организирање тимови на армијата, полицијата, медицински тимови, тимови на црвениот крст останати хуманитарни екипи , натаму механизација за расчистување и разно разни комунално­технички и пожарникарски служби, анализира Канал 5.
Почнаа да се регистрираат и првите хумани слики за време на страотното невреме. Десетина денови по невремето очајните слики полека стануваат минато иако за жал засекогаш ќе бидат врежани во меморијата на овие луѓе. Стајковци како најмногу погодено од илјада и педесет куќи , 750 се поплавија, ситуацијата полека се нормализира, 650 куќи се дезинфицирани , кај над петстотини е направена и проценката, педесет проценти од улиците се исчистени и се проодни уште шеесетина проценти остануваат да се пробијат по дислокацијата на сметот кој се наоѓа на овие локации.
Водата е пуштена електричната енергија до вчера е пуштена во 80 проценти од мрежата. Во куќите е испумпана водата и исфрлен сметот а од денеска се пристапува и кон перење на улиците. Овие чекори се преземаат и во останатите настрадани средини од поплавата. Во Страчинци за неколку денови им беше оспособен патот а се затвори и дупката под училиштето која се закануваше да го проголта објектот. Мештаните добија и вода за три четири денови откако им беше санирана двокилометарската оштетена водоводна линија. Полека се враќа и охрабреноста кај граѓаните дека изгубеното ќе им се поврати, со владината одлука за стопроцентна отштета и со авансната финансиска поддршка за посиромашните. Деноноќно се работи на теренот. Вклучени се и голем број волонтери. Од разговорите со сите кои што по службена што по волонтерска должност дошле да помогнат, велат разликата кон подобро на теренот и секојдневниот прогрес ги охрабруваат дополнително да продолжат со хуманата мисија, објави телевизијата.
Целиот прилог на Канал 5 погледнете го во продолжение
Науката се уште не излегла со финална дефиниција за невремето, но и страотните поплави кои зедоа

Пронајдете не на следниве мрежи: