Петнаесет лица се полесно повредени во осум од вкупно 14 сообраќајни несреќи што се случиле во текот на вчерашниот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во шест е причинета материјална штета.Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи не отстапиле првенство на минување на пешаците на обележан пешачки премин, двајца возачи не ги почитувале светлосно сигналните уреди, односно поминале на црвено светло на семафор, како и кај 22 возачи кои го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано. Санкционирани се и осум возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои сториле прекршоци по разни основи. Затекнати се и 53 непрописно паркирани возила.
Со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 82 возила.
Денеска од 11:00 до 12:30 часот во рамките на сообраќајно воспитниот проект „Едукативен автобус“, Одделението за превенција ќе реализира едукативно предавање во автобус на ЈСП „Скопје“ кој ќе се движи по траса со ученици од трето и четврто одделение од ООУ „Кузман Шапкарев“, населба Драчево, кое се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.Во текот на изминатиот ден полицијата презела казнени мерки поради поголем број прекршоци кај 17 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозвол