Германските истражни власти го уапсиле Детлеф Г, полицаец во криминалистичката служба ЛКА во Дрезден, поради сомнеж дека го убил, распарчил а можеби и изел некои делови од телото на својот педесетгодишен партнер, пренесуваат денес германските медиуми.
Највисокиот државен обвинител Лоренс Хаз изјавил дека веќе е направена тужба против него, а медиумите пренесуваат дека полицијата сеуште истражува дали потенцијалниот убиец можеби и ја изел жртвата.Осомничениот Детлеф Г. Работел во Криминалистико- техничкиот институт ЛКА како аналитичар на ракопис, а пред повеќе од една година се развел од својата сопруга и во меѓувреме живеел со некој младо момче, но изгледа не бил многу задоволен од тој однос, па на една интернет страница ја запознал својата нова жртва- ова е краток опис на ситуацијата за оваа приказна во која најверојатно жртвата и починатиот имале свои желби и планови.
Убиениот педесетгодишен човек од Хановер на таа страница барал некој кој ќе го убие и својот убиец го пронашол во Детлеф Г. Полицаец- хомосексуалец кој го повикал на состанок во Рајхенау каде и дошло до страшниот злочин, сметаат експертите.
Како што дознава денес таблоидот „Билд“ во кругот на истрагата се дознава дека ЛКА полицаецот веќе на почетокот на ноември извршил едно убиство, ги доживеал своите сексуални фантазии, го распарчил лешот и го закопал на својот имот.
Бидејќи педесетгодишната жртва била пријавена како исчезната, полицијата стапила во акција и денес ги открила некои од деловите на телото.
Последните петнаесет години Германија се сретнала со најмалку два вакви случаи.
Пред неколку години Јан О. – 26 обвинет за суровото убиство на тинејџерите Тобијас и Нина,привлекол внимание на целата германската јавност, не само со деталите на несреќното убиство, кое според нивните мајки само еден збор е доволен за да се експлодира туку и со изјавата за тоа дека по се изгледа дека ја пиел крвта на жртвите.
Што го натерало Јан.О да ги убие двете деца и да ги оствари своите канибалски фантазии не е сеуште познато, но познато е дека неговото детство било многу тешко.
Мајката на ова момче која самата се нарекла како особа со психички проблеми пред судот во Гетинген говорела за тешкото детство на својот син, за тоа како неговиот сопствен татко не го сакал и за тоа како таа тепала бидејќи наводно ја преоптеретувал.
Германската јавност пред неколку години била ужасната со приказната за „канибал во Ротенберг“ – инжениерот Армин Мајвс кој во март 2001 го убил, исецкал, и изел својот партнер- берлинскиот инжениер.Мајвс кој поради тоа злосторство е осуден на осум ипол години затвор својата жртва ја пронашол преку Интернет.
Тој, со голема медиумско внимание, пред судот детално ги пренел своите „маки“ и канабалистички фантазии, кои наводно го прателе уште од раното детство, кога мечтаел за тоа како да убие и да ги изеде некои од своите школски другари- само оние кои му се допаѓале.
Пред неколку години германската јавност ја погодила приказна за едно младо момче со потекло од Косово кое заради своите луди фантазии, според одлуката на Судот во Котбус бил принудел да оди на психијатриско лечење.
Медиумите тогаш пишувале дека надимакот за овој младич бил „човекојадецот од Ротенбург“ кој во Германија е синоним на канабализам, но дека најпознат во ова бил Фриц Харман, роден 1879 во Хановер , познат како „вампирот од Хановер“ осуден на смрт во 1924 година, заради убиство на повеке од 25 млади момчиња.Осомничениот Детлеф Г. Работел во Криминалистико- техничкиот институт ЛКА како аналитичар на ракопис, а пред повеќе од една година се развел од сво