Полицајци слушнале мистериозен ГЛАС кој доаѓал од автомобил: Кога погледнале внатре, останале БЕЗ ЗБОРОВИ!

Гласот на возрасното лице кој говорел: „Помогнете нѝ, тука сме“, можел да ѝ припаѓа само на мајката. Но, кога му пришле на автомобилот, полицајците и пожарникарите виделе дека мајката е мртва.Тројца полицајци и двајца пожарникари, кои учествувале во спасувањето на девојче старо 18 месеци од превртен автомобил, сведочеле за американските медиуми дека за време на интервенцијата доживеале вистински мистериозен настан.
Имено, во моментот кога почнале да му приоѓаат на автомобилот кој излетал од патот во реката Спениш Форкс, во близина на Солт Лејк Сити, слушнале глас на возрасно лице кој ги повикал со зборовите: „Помогнете нѝ, тука сме“.
Единственото логично објаснување било дека го слушнале гласот на мајката која покрај малечката Лили била единствената личност во атомобилот. Меѓутоа, кога дошле до неа, Лин Џенифер Гросбек (25) веќе била мртва и тоа со часови!

„Можевме да го видиме лицето на возачкото место, но и јасно да го слушнеме гласот“, изјавил полицаецот Тајлер Бедоу, кој прво мислел дека само му се причинува, пренесуваат АВС и Daily Mail.
Какво и да објаснувањето за феноменот поради кој Бедоу веќе две вечери по ред нема сон, единственото чудо никој не може да го оспори: малечката Лили одлично закрепнува, иако 14 часа била заробена во автомобилот!
Тројца полицајци и двајца пожарникари, кои учествувале во спасувањето на девојче старо 18 месеци од превртен автомобил, сведочеле за американските

Пронајдете не на следниве мрежи: