Една полицајка усмрти четворица од петте убиени терористи во каталонскиот крајбрежен град Карбило.Шефот на полицијата, Џозеп Луис Траперо, кој ја води истрагата за терористичките напади кои се случија во четвртокот и петокот, изјави за медиумите дека една полицајка убила четворица од петте терористи.
Полицајката која ги усмртила четворицата терористи требала да оди на одмор оваа недела, а надлежните изјавиле дека ќе ѝ биде понудена помош од психолог поради акцијата во која што учествувала.
Според пишувањето на каталонските медиуми, патролната пешачка полиција се наоѓала на контролниот пункт кога терористите налетале со автомобил, прегазиле три лица и се удриле во едната од двете полицајќи на патрола.
– Гледајќи ја колешката повредена и како терористи излегуваат од возилото со ножеви, мачети и секири, полицајката го извадила своето оружје и усмртила четворица. Петтиот напаѓач успеал да побегне и да прободи еден пешак пред да биде усмртен од друг полицаец – маж – пишува „Вангвардија”.Шефот на полицијата, Џозеп Луис Траперо, кој ја води истрагата за терористичките напади кои се случија во четвртокот и петокот, изјави за медиумите