Полиција застанала автомобил со камери за Street View

Возачот на автомобилот на Гугл изгледал вознемирено. Излегол од автомобилот и мавтал  со рацете. Но набрзо се смирил  и продолжил понатаму.Возачот на автомобилот на Google Street View застанал вчера околу 9 часот пред зградата на Дирекцијата на полицијата во Загреб.
Полицаецот кој стоел на потрата на објектот со чудење го гледал автомобилот со необична опрема и камера која се движела 360 степени. Му пришол на возачот и го прашал кој е и што прави.
Во Дирекцијата на полицијата потврдиле дека полицаецот отишол до автомобилот кој стоел на автобуската станица и од возачот побарал документи. Откако возачот  се претставил и ги покажал документитте, полицаецот го предупердеил дека не може да се задржува на автобуската станица. Потоа му ги вратил документите, а возачот продолжил понатаму.
Google повторно ги снима хрватските градови
Пред неколку дена од Google објавиле дека нивните камери повторно ќе тргнат на улиците низ хрватските градови за да соберат нови фотографии за Street View. Овие денови почнале да ги снимаат Загреб, Сплит, Риека, Опатија и Дубровник, а наскоро ќе појдат и во други градови  за да можат да ги обноват постоечките карти.Возачот на автомобилот на Google Street View застанал вчера околу 9 часот пред зградата на Дирекцијата на полицијата во Загреб.
Полица

Пронајдете не на следниве мрежи: