Полицијата ги утврдува причините за пожарот кој запали две куќи во Прилеп

Екипи на крим-техника од полицијата и од јавното обвинителство во Прилеп попладнево ги утврдувааат причините за пожарот во кој изгореа две куќи во Прилеп на улица „Круме Волнароски“.Противпожарните екипи кои изтуринава интервенираа по пријавувањето на пожарот во 7:11 часот само констатирале дека избувнал на покривната конструкција на едната куќа и потоа се пренесол на дртугата.
Според Станко Колески, командир на Прилепската противпожарна единица интервенирано е со вкупно 5 возила и 16 пожарникари.
– Интервениравме веднаш, прво со две па потоа со уште три возила. Со часови се обезбедуваше местото на пожарот за попладнево да работат екипите за утврдување на причините за огнената стихија. За среќа нема повредени, но штетата е огромна, изјави Колески.
Сопсвеникот на првата опожарена куќа Ристо Николоски сѐ уште не знае како избувнал пожарот, но чадот го почувствувале во 6:30 часот.
– Околу 6:30 часот констатиравме дека на горниот кат нешто чади. Сопругата и дедото Петре ги извлеков од куќата. За 15-ина минути пристигна противпожарната екипа. Сѐ е уништено, целата покуќнина, ништо не остана. Иако е осигурано, штетите се огромни. Не знам како настанал пожарот. Не верувам дека е од оџакот. Сѐ уште не знаеме ништо, изјави Николоски.
Вознемирени и очајни се и сопствениците во другата куќа. Од пожарот три семејства останаа без покрив над главата и без целата покуќнина.Противпожарните екипи кои изтуринава интервенираа по пријавувањето на пожарот во 7:11 часот само констатирале дека избувнал на покривната конструкц

Пронајдете не на следниве мрежи: