Полицијата ги започна преговорите со браќата Куаши

Штотуку излезе информацијата дека полицијата официјално ги започна преговорите со браќата Куаши, кои во моментов се наоѓаат под полициска опсада.Имено, тие веќе неколку часа држат заложници во печатница во местото Дамартан ен Гуел.
Додека се одвиваат преговорите, во источниот дел на Париз се случи престрелка (ЛИНК), во која што се смета дека бил вмешан убиецот од Монруж.
Полицискиот хеликоптер веќе половина чес кружи над печатницата, додека на луѓето од околните објекти, домови и училишта им беше кажано да останат на своите места и да не излегуваат на улица.
Во меѓувреме, француските ученици објавија фотографија со која покажуваат дека не им се плашат на двајцата браќа:

Watching Geolocated social media from @Dammartin-en-Goële – kids selfie in locked down school – pic.twitter.com/HH5H9aLg4K
— nickfx (@nickfx) January 9, 2015

Се проценува дека на местото на настанот се наоѓаат некаде околу 1000-1500 припадници на полицијата и безбедносните служби.
Експертите проценуваат дека овие преговори нема толку лесно да резултираат со решение, бидејќи целта на полицајците е да овозможат ослободување на што повеќе заложници, што се смета дека се коси со намерите на осомничените браќа.
Очекуваме повеќе информации…Имено, тие веќе неколку часа држат заложници во печатница во местото Дамартан ен Гуел.
Додека се одвиваат преговорите, во источниот дел на

Пронајдете не на следниве мрежи: