Полицијата има фотографија од убиецот на Немцов?

Истражните органи добиле неколку фотографии на кои се гледаат две лица.Според зборовите на изворот, најверојатно се работи за лица со потекло од јужните региони на Русија, пренесува порталот “Спутник”.
Руската телевизија РЕН ТВ повикувајќи се на неименуван извор, објавила дека истражните органи дошле до снимка на која се гледаат двајцата осомничени за убиството на рускиот опозиционер Борис Немцов, кој бил убиен ноќта во петокот во центарот на Москва.

Истата телевизија и порано објавила дека истражите органи го пронашле автомобилот на убиецот на Немцов.
Имено, како што тврдат тие, станува збор за „Шевролет Ланос“, автомобил произведен во украинско претпријатие.
Откако го пронашле возилото со кое побегнале убијците, оперативците ги побарале сите снимки од камерите на патот. Исто така, побарале и да се пронајдат сите возачи кои возеле по тој пат.
Александар Бортников, шефот на руската Федерална служба за безбедност, изјавил дека во истрагата за убиството на Немцов, биле идентификувани неколку осомничени.Според зборовите на изворот, најверојатно се работи за лица со потекло од јужните региони на Русија, пренесува порталот “Спутник”.
Руската

Пронајдете не на следниве мрежи: