Веќе извесно време се зборуваше дека по Грачаница кај Тузла, во раните часови се шета девојка во бел фустан. Досега, сите мислеле дека станува збор за шега.Некои раскажувале и најразлични приказни – како онаа дека станува збор за девојка која загинала и сега не може да го најде својот мир.
По пишувањата на медиумите за девојка во бел фустан, полицијата во Грачаница врз основа на собрани информации, докази и факти, уапсила тројца малолетници кои со денови, облечени во бели фустани сошиени од чаршави и маскирани со долги црни перики, сееле страв во околината.
Им се појавувале на луѓето по дворовите во раните утрински часови. Ги криеле лицата, а кога биле забележувани, за час би се губеле.
Исплашените граѓани веќе со првите знаци на мракот го затворале куќите, а преплашените деца барале заштита.
На полицијата ѝ беше потребно време да дојде до оние коишто дале изјава дека го правеле сето ова за да бидат фотографирани и да ги објавуваат фотографиите на Фејсбук.Некои раскажувале и најразлични приказни – како онаа дека станува збор за девојка која загинала и сега не може да го најде својот мир.