Полицијата масовно ги протерува питачите од Стокхлом

Од централните делови на Стокхолм шведската полиција претпладнево протера дваесетина питачи, имигранти од земји-членки на ЕУ, во рамките на законските овластувања за заштита на јавниот ред и мир, јави дописникот на МИА од Гетеборг.- Тротоарите не се места за спиење, туку треба да се користат за движење на пешаци – изјави Ларс Бистром од стокхолмската полиција.
Дваесетина Роми по потекло од Романија, се избркани од своите привремени ноќевалишта од центарот на шведската престолнина.
– Со помош на преведувач беа информирани дека социјалните служби им обезбедиле сместување во Ворберг, во јужниот дел на општина Стокхолм. Таму ќе можат да останат пет дена – рече Бистром за Шведското радио.
Отстранувањето на питачите од јавните места во шведските градови е прашање кое веќе подолго време е проследено со интензивна дебата.
Вчера беше објавен предлогот на најголемата опозициска Партија на модератите, полицијата и редарите да добијат поголеми законски овластувања во справувањето со распространетиот социјален феномен на питачење во шведските градови, кој добива се поголеми и загрижувачки димензии.- Тротоарите не се места за спиење, туку треба да се користат за движење на пешаци – изјави Ларс Бистром од стокхолмската полиција.
Д

Пронајдете не на следниве мрежи: