Во Штрпце изминатата ноќ е заклана Драгиња Николчевиќ (80), а во нејзиното соседство полицијата пронајде тело на уште една старица чиј идентитет подоцна ќе биде соопштен, изјави директорот на Средношколскиот центар во Штрпце, Предраг Крстиќ.Тој рече дека двете старици живееле во куќи во непосредна близина на училиштето.
Според неговите зборови, старицата Николчевиќ заклана е пронајдена синоќа од страна на косовската полициска служба која телото го префрлила на обдукција во Приштина.
-Утрово полицијата во соседната куќа пронајде тело на уште една старица и нејзиното тело е префрлено на обдукција за да се утврдат причините и околностите за смртта, вели Крстиќ.
Тој рече дека ова злосторство ги вознемири мештаните.
-Во понеделник планираме да одржиме протест пред училиштето бидејќи ова злосторство, кој и да го сторил, внесе вознемиреност и кај родителите и кај професорите, рече Крстиќ.
Тој додаде дека полицијата од утрово прави увид.
Убиството на стариците во Штрпце е потврдено од Косовската полициска служба која за тоа ќе издаде официјално соопштение.Тој рече дека двете старици живееле во куќи во непосредна близина на училиштето.
Според неговите зборови, старицата Николчевиќ заклана е пр