Полицијата во Франција ги предупредува родителите да не објавуваат фотографи од освоите деца на фејсбук страните бидејќи можат да ја загрозат нивната сигурност, изложуваќи ги на педофилите кои постојано демнеат, но и нивната приватност.Според француските закони, родителите можат да завршат во затвор и да платат казна и до 45.000 евра доколку објават приватни детали од други лица, вклучувајќи и деца.
Експертот за право и етика врзани за интернетот Ерик Делкроих тврди дека „децата за неколку години лесно ќе можат да ги тужат своите родители поради објавување на фотографии кога биле млади“
Адвокатката Виван Гелес исто така истакнува дека родителите се одговорни и дека мораат да ги штитат фотографиите на своите деца.
Од друга страна, и двајцта предупредуваат сека родителите мораат да размислат за фотографиите кои ги објавуваат поставувајќи си го себе прашањето како адолесцентите и постарите деца ќе се чувствуваат подоцна.
По објавувањето на предупредувањето за родителите од страна на полицијата да не објавуваат фотографии, некои од нив се тргнати додека во Фејсбук размислуваат за систем кој би ги предупредил родителите кога ќе ги објават јавно фотографиите на децатаСпоред француските закони, родителите можат да завршат во затвор и да платат казна и до 45.000 евра доколку објават приватни детали од други лица,