ПОЛИЦИЈАТА ПРОНАЈДЕ БЕЗЖИВОТНО ТЕЛО: Филип скокнал на плочник со исцртано срце!

Се претпоставува дека невозвратената љубов го натерала Филип Ѓ. (23), синоќа околу два часот по полноќ да рипне од Бранковиот мост за да падне врз нацртано срце на асфалтот.Неговото тело изутрината било пронајдено од полицијата. Како што пренесе српски „Ало“, дечкото давал знаци на живот, но реанимацијата на службата за Брза помош не дала резултати. Неговото тело било пратено на обдукција, а со понатамошна истрага ќе се утврди дали станува збор за самоубиство или за нешто друго.
Филип не оставил проштално писмо, а скокнал на висина која е нешто повеќе од 15 метри и паднал право на савското шеталиште кое го красат љубовни пораки.
Постои сомневање дека Филип извршил самоубиство поради невозвратена љубов, односно дека страдал и тешко го поднел раскинувањето со девојката. Имено, Филип и засега непознатата девојка раскинале пред неполни година дена и оттогаш бил потиштен.

Неговите најблиски се обидувале на секој можен начин да му помогнат за да не мисли на неа, но сѐ било залудно. Непосредно пред чинот, Филип бил излезен со пријателите. Ова го потврдил и еден негов другар, кој во изјава за полицијата рекол дека Филип не покажувал никакви знаци дека е потиштен или дека му е тешко.
„Многу ме потресе смртта на Филип. Во сеќавањето ми остана врежан ликот на насмеано момче коешто секогаш знаеше да се пошегува. Порано многу зборуваше дека е вљубен во една девојка. Знам дека кратко беа заедно, па дека раскинаа. Многу ми е жал за него, за неговата мајка и сестрата. Можам само да замислам како тие ќе ја пребродат оваа трагедија“ – раскажала една жена што работи во продавницата во која што Филип често пазарувал.Неговото тело изутрината било пронајдено од полицијата. Како што пренесе српски „

Пронајдете не на следниве мрежи: