Полицијата се поблизу до расветлување на убиството на пејачката, Марјановиќ го крие убиецот?

Пејачката Јелена Марјановиќ убиена е пред повеќе од пет месеци, а убиството  кое ја потресе Србија се уште не е расветлено.Во последните две недели, сопругот на настраданата пејачка дури  десетина пати бил повикан на разговор во МУП, а инспекторите  се уверени дека знае важни информации, но  за тоа немаат докази
Како  што  пишуваат тамошните медиуми, токму поради тоа одлучиле секојдневно да го викаат на разговор и  да го натераат да попушти и  да каже што  се случувало  на 2-ри  април кога пејачката била убиена.

„Полицијата од самиот почеток се сомнева дека Зоран знае некои детали  за  убиството  на Јелена, а како  што  минува времето се посигурни  се во тоа уверување. Јасно им е дека, доколку  него го скршат ќе се реши целиот случај. Целта е со  постојано испитување да го  натераат да падне во  стапица и конечно  да проговори“, вели извор близок на истрагата.
Инаку  досегашната истрага покажала дека нема индиции дека Марјановиќ учествувал во убиството, но  се укажува на тоа дека ова мистериозно злосторство го сторил некој од семејството или пријателите. Тој секако  знае кој и зошто имал мотив  да ја убие неговата сопруга.

Од друга страна, полицискиот  експерт Марко Ницовиќ смета дека е јасно дека инспекторите од самиот почеток се сомневаат дека Зоран Марјановиќ знае нешто  за убиството, но дека не им кажал ништо.
„Можеби  се обидува да сокрие некои моќни луѓе кои му се заканиле. Не верувам дека некој  од семејството  би  го сторил тоа, бидејќи кој  би  бил неговиот интерес да ја убијат  Јелена“, се запрашал Ницовиќ Во последните две недели, сопругот на настраданата пејачка дури  десетина пати бил повикан на разговор во МУП, а инспекторите  се уверени

Пронајдете не на следниве мрежи: