Полицијата се уште не ги има уапсено активистите на ДУИ кои пукаа со калашникови во Чаир и Сарај по завршување на изборите во неделата. Тешки инциденти и во Шуто Оризари. Се пукаше и во Бутел. Но од сите страни молк, МВР, политичките партии, меѓународниот фактор. Едноставно како ништо да не се случувало, анализира Денешен.Факт е дека со пиштоли пукаа претседателите на локалните ограноци, партиските функционери и неколкумина полицајци, кои наместо да го спроведуваат законот, обезбедуваа доволни количини на муниција.
МВР молчи за низата пукотници на прославите, а доказ за тоа се неподнесените кривични пријави за лицата кои досега пукаа јавно. Надележните не се одважија ниту да излезат со соопштение. Практично полицијата се уште не ги идентификуваше сторителите на ова кривично дело, не е запленето оружјето, ниту пак има кривични пријави против сторителите, пишува Денешен.
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски го нема никаде, а пукање на јавно место со огнено оружје е кривично дело според Кривичниот законик.
Неговиот заменик Агим Нухиу, го осуди чинот на пукање во Чаир и Сарај, како што вели „лично“. Но, се уште нема конкретни резултати.
-МВР интензивно работи на пронаоѓање на сторителите и оружјата. Ние работиме на решавање на случаите. Веднаш штом ги имаме информациите ќе ги објавиме во јавноста, изјави Нухиу за Алмакос.мк.
Да не беше изборен ден, народот ќе помислеше дека станува збор за воена состојба, престрелки на сите страни во главниот град. Претставниците на ДУИ за пукањето во Чаир и Сарај не сметаат дека е разумно и потребно да коментираат за пукањето со калашникови на прославата на победата на нивните кандидати за градоначалници ви овие општини. Овој чин е сериозен кривичен прекршок кој според кривичниот законик се казнува со затвор, пишува Алмакос.ком.
Тројцата функционери на ДУИ кои ги контактирал порталот, Бујар Османи, Арбр Адеми и Артан Груби, ги игнорирале прашањата за ова случување во неделета. Функционерите на ДУИ без одговор дали ги знаат поединците што пукале и дали кон истите е покрената кривична постапка.
Додека партиите молчат, а полицијата не ги наоѓа сторителите, што вели законот:
Според Казнениот законик на Република Македонија се предвидува затворска казна од 3-7 години, ако оружјето со кое е пукано е без дозвола.
Според правниот експерт Осман Кадриу „без разлика дали оружјето било или не со дозвола, истото треба да биде одземено без оглед на тоа како ќе категоризира оваа постапка од надлежните органи, останува дилемата дали ќе се откријат лицата кои пукале, и ќе се покаже професионализмот од страна на властите“.
-Со овој грозен феномен, каде што може да има и жртви не се занимаваат ниту медиумите во земјата, се заклучува во натписот на Алмакос.мк.
Но сето ова не завршува со Сарај и Чаир. Шуто Оризари на овие локални избори стана синоним за насилства и тешки инциденти.
Послое првиот круг на избори за време на прославата припадник на обезбедувањето на пратеникот и кандидат за градоначалник на Шуто Оризари, Курто Дудуш од СДСМ рафално пукаше со пиштол во воздух. По првиот круг пак специјалци и алфи ги разделуваа кандидатите за градоначалник Елвис Бајрам и Курто Дудуш, за малку беше и тепачка меѓу симпатизерите на двајцата кандидати.
Но, пукањето не заврши во Шуто Оризари, СДСМ пукаше и при славењето во Бутел, би рекле традиционално, во нивни стил на вистински гангстери кои наметнуваат однесување со кое треба да го исплашат населението, за полесно владеење, речиси без отпор.
Факт е дека со пиштоли пукаа претседателите на локалните ограноци, партиските функционери и неколкумина полицајци, кои наместо да го спроведуваат з