Му пришле пред влезот од неговата зграда, го застрелале и веднаш побегнале оставајќи го пиштолот зад себе. 4 до 5 куршуми завршиле во главата и во вратот на 28 годишното момче. Случајни минувачи притрчале да му помогнат и веднаш со автомобил го однеле во Градската хируршка болница, но било предоцна, објавува Алфа.Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедување на траги од лице место и за обдукција на починатото лице. Соседите велат дека се се случило многу бргу – ги чуле истрелите и додека сфатиле што се случува се било веќе завршено. Неофицијално, убиството го извршиле двајца, а идентитетот на еден од нив и е познат на полицијата. Тие засега се во бегство.
Телевизијата објавува дека додека нема никакви официјални информации јавноста веќе почна да плете приказни за целиот случај – дека убиеното момче наводно имало криминално досие и било поврзано со подземјето, но и дека неговиот брат неодамна бил назначен за командир во единицата Алфа.
Информации за сторителот веќе излегоа и по социјалните мрежи. Од МВР под раководство на Оливер Спасовски од СДСМ, ги кријат информациите. Според она за што веќе наголемо се зборува, како стпорител на ладнокрвното убиство се посочува лице кое се поврзува со подземјето и со повеќе негови обиди да се превземе бизнисот со обезбедувањето.
-Се шпекулира дека целиот инцидент може да е поврзан и со новата агенција за обезбедување која се појави неодамна, а за која предупреди колумнистот Сашо Ордановски. Молкот во МВР ги подгрева ваквите приказни – за вчерашното убиство, пак, очевидците кои беа и премногу исплашени да говорат пред камера велат дека ги потсетило на Белград во 90-тите, дека им се чини како во Скопје да почнуваат да се случуваат мафијашки пресметки на сред улица и пред кафулиња, објави синоќа Алфа телевизија.
Оправдан е стравот кој се јави кај скопјани. Главниот град се претвора во крвава арена. Изминативе месеци, во неколку наврати не беа санкционирани лица кои пукаат по улиците. Едни славеа изборна победа, други убиваа луѓе. МВР под палката на СДСМ и Оливер Спасовски нема никого ниту приведено ниту казнето.
Кој е убиениот фудбалер Мартин Јанушев?
Дваесет и осум годишниот Мартин Јанушев кој синоќа со неколку истрели во главата беше убиен пред кафулето „Ред кафе“ во Аеродром спортската јавност го памети последно како играч за фудбалскиот клуб Локомотива.
Мартин е роден на 28.07.1989 во Скопје. Последен пат има играно за Локомотива, а претходно во Маџари Солидарност и 11 Октомври, пишува СпортМ.
Според информациите од Министерството за здраство, Мартин бил донесен на Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“-Скопје, без знаци на живот.
Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје го раководи увидот на лице место во скопската населба Аеродром.
Според неофицијални информации, во Мартин Јанушев пукал негов пријател кој и од порано и е познат на полицијата, по серија најтешки кривични дела за кои одлежувал и затворска казна.Дежурниот јавен обвинител издаде повеќе насоки и наредби за преземање на потребни дејствија, меѓу кои за прибавување на податоци, обезбедувањ