Полицијата излезе со детали за крвавото убиство во Скопје. Синоќа во 22 часот и 15 минути во Единица за информации и команда, З.Т. пријавила дека нејзините соседи на улицата „Чедомир Кантарџиев“ се тепале и барале помош од полиција.Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека имало семејна расправија помеѓу 68-годишниот Љ.Т. од една страна и неговиот син, 41-годишниот И.Т. од друга страна.
Притоа, Љ.Т. бил пронајден на прагот од дневната соба со убодни рани од нож, а од страна на екипа од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Сопругата на Љ.Т. изјавила дека додека седеле во дневната соба, дошол синот и ја откорнал влезната врата и влегол внатре. Неа ја избркал од собата, почнал да го влече Љ.Т. и во еден момент го избодел со остар предмет. После тоа, синот го напуштил местото и сам се пријавил во Ургентен центар „МајкаТереза“ за укажување на помош. Имал расекотина на десната рака.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител. По негова наредба телото на починатиот е предадено за обдукција. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.
И.Т. бил приведен и задржан во Полициска станица Кисела Вода за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.Полициски службеници излегле на местото на настанот и констатирале дека имало семејна расправија помеѓу 68-годишниот Љ.Т. од една страна и неговиот