Дубаи уште еднаш покажа дека е особено богато Емират, откако од локалната полиција соопштија дека планираат да се опремат со Bugatti Veyron.
На почетокот на месецот од полицијата на Арапски Емирати направија и некои прилично скапи набавки како Chevrolet Camaro, Bentley Continental, Mercedes-Benz SLS, Ferrari FF, Lamborghini Aventador и Aston Martin One-77. Сега по се изгледа дека кон супербрзата флотила ќе се приклучи и уште еден хиперавтомобил – Bugatti Veyron.
На нас пак ни останува да се прашаме што останува да видиме во дубајската полиција – можеби LaFerrari или McLaren P1? Треба да се напомене дека овие скапи автомобили не се користат за бркање на прекршители на законот, а наместо тоа беа испратени во најлуксузните делови на градот, најверојатно за да може полицијата да ја презентираат соодветно.
Дубаи уште еднаш покажа дека е особено богато Емират, откако од локалната полиција соопштија дека планираат да се опремат со Bugatti Veyron.