Од страна на Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје во текот на минатиот месец во рамките на полициската акција „Гора“ поднесени се шест кривични пријави против седум лица поради постоење основи на сомнение за сторени седум кривични дела од кои две „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“, три кривични дела „кражба“ и по едно дело „помагање“ и „пустошење на шума“.Како што соопшти денеска МВР, во првиот и вториот случај поднесена е кривична пријава против А.З.(40) и А.Г.(24) поради постоење основи на сомнение дека сториле кривични дела „вршење на јавен превоз без поседување на лиценца“. Пријавените, во текот на 2014 година, за сметка на Друштво за производство, трговија и услуги како возачи на товарни моторни возила извршиле јавен превоз на стоки-дрвни сортименти, од местото на сеча до складиште во нас. Драчево, без да поседуваат лиценца за вршење јавен превоз на стоки во внатрешниот патен сообраќај издадена од Министерството за транспорт и врски.
Во третиот случај поднесена е кривична пријава против Х.Ш.(20) поради постоење сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот, со намера за противправно присвојување, на 12-ти мај годинава, откако претходно од туѓа шума бесправно исекол повеќе стебла огревно дрво бука, чие количенство е поголемо од 1м/3, иако не поседувал уредна документација за вршење сеча и за транспорт и дрвата не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг. Бесправно одземените дрва тој ги натоварил во ТМВ марка Форд Транзит и во својство на возач се упатил на патот кон м.в Мала Река, со намера да изврши нивна продажба. Со тоа пријавениот го оштетил Буџетот на РМ во износ од 10.500 денари.
Во четвртиот случај поднесена кривична пријава против Н.В.(20) под сомнение за сторено кривично дело „кражба“. Пријавениот со намера за противправно присвојување, на ден 23.08.2016 година, откако претходно од туѓа шума бесправно исекол повеќе стебла огревно дрво бука, иако не поседувал уредна документација за вршење сеча и за транспорт и дрвата не биле жигосани со јасно видлив шумски жиг, бесправно одземените дрва ги натоварил во ТМВ марка Застава без регистарски. Потоа во близина на старечкиот дом во с.Орешани направил сообраќајна незгода при што му била извршена контрола и поради сомнение дека врши бесправен превоз на 5м3 огревни дрва бил приведен во Полициската станица за општа надлежност Драчево за натамошна постапка.
Во петиот случај поднесена е кривична пријава против Д.Н.(48) под сомнение за сторено кривично дело „кражба“ и против Ѓ.О.(76) под сомнение за сторено кривично дело „прикривање“. Првопријавениот, со намера за противправно присвојување, на 07.06.2016 година од туѓа шума исекол повеќе стебла огревно дрво бука и бесправно одземените дрва во количина од 3м3 заедно со уште две лица ги натовариле во две ПМВ марка џип УАЗ. Потоа како возач на едно од возилата задно со двете други лица ги превезле до домот на второпријавениот каде дрвата ги истовариле во дворот во с.Ржаничино, општина Петровец.
Во шестиот случај поднесена е кривична пријава против Т.К.(54) под сомнение за сторено кривично дело „постушење на шума“. Пријавениот, при крајот на месец мај 2016 година, во парк шумата Водно, во Катастарска општина Долно Водно, спротивно на законските прописи на надлежните органи, извршил безправна сеча и копање на шума и одстранување на постоечка вегетација на вкупна површина од 5.864 м2. При тоа соборил повеќе стебла од вид црн бор во вкупна количина од 8.40м3, листарски дрва во вкупна количина од 10м3 и природен помладок од црн бор во вкупна количина од 600 садници со старост над три години, со намера за противправно присвојување. Со наведеното дејствие го оштетил Буџетот на РМ за износ од 853.200 денари.
Имено, пријавениот согласно Законот за шумите бил должен сечата во шума да ја изврши врз основа на претходно обезбедена дозвола за сеча од надлежен орган ЈП Македонски Шуми-Скопје и тоа на оние стебла кои претходно би биле маркирани и означени од страна на овластено лице, а транспортот на исечените дрва да го врши откако дрвјата ќе бидат жигосани со јасно видлив шумски жиг и врз основа на издадена Испратница за превоз од овластено лице од ЈП Македонски шуми Скопје.Како што соопшти денеска МВР, во првиот и вториот случај поднесена е кривична пријава против А.З.(40) и А.Г.(24) поради постоење основи на сомнение