Полициско-криминалните структури на Спасовски им се заканувале на полицајци и барале лажни белешки

Освен нападот врз министерот Диме Спасов, вечерта на 28 октомври, закани и притисоци од страна на полициските структури ангажирани од Оливер Спасовски добиле и полициските службеници кои вечерта биле на терен во реонот каде што се случила бркотницата.Од извори во МВР дознааме дека криминално-полицискте структури ангажирани од Оливер Спасовски започнале да вршат притисоци и се заканувале на полициските службеници кои биле на терен вечерта на 28-ми октомври со цел прикривање на нивното незаконско постапување.
Иако на видеото јасно се гледа нападот врз Диме Спасов, структурите на Оливер Спасовски настапиле со закани и уцени кон полициските службеници од кои барале да направат службени белешки со лажна содржина, во кои требало да биде претставена ситуација дека тие биле нападнати од министерот Диме Спасов.
Двајцата припадници на полициско-криминалната структура на Спасовски за кои на снимката јасно се гледа како вперуваат пиштол кон министерот за труд и социјална политика, барале да се направат антидатирани службени белешки со цел прикривање на вистината. Според информациите со кои располага iNFOMAX.mk, криминално-полициските структури досега прикривале и од нивните претпоставени што навистина се случувало.
Имено, иако се должни да изготват службени белешки за секоја употреба на службенто оружје, истото не било направено.

Извор: ИнфомаксОд извори во МВР дознааме дека криминално-полицискте структури ангажирани од Оливер Спасовски започнале да вршат притисоци и се заканувале на полиц

Пронајдете не на следниве мрежи: