Најсовремен видео гастроскоп е инсталиран во Поликлиниката во Чаир, со што првпат се воведува гастроскопија на ниво на Здравствен дом Скопје. Ќе се вршат над 600 гастроскопии годишно или над 10 проценти од вкупниот број гастрокопии кои се прават на ниво на Скопје. Гастроскопот е во вредност од 4,1 милион денари.Поликлиниката Чаир денеска ја посети вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека работат на ставање во функција на гастроскопот и досега за оваа здравствена услуга пациентите биле испраќани во Градската општа болница „8 Септември“ или во Клиничкиот центар, каде се прави оваа интервентна дијагностичка процедура.
– Докторката која ќе работи на гастроскопот беше на едукација во Турција и во Бугарија и за почеток ќе има поддршка и од ГОБ „8 Септември“. Предвидено е да се работат над 600 гастроскопии годишно, што ќе значи нешто повеќе од 10 проценти од вкупниот број гастрокопиии кои се прават на ниво на Скопје, рече Тодоров.
Според него, ова значи дека за повеќе од 10 проценти ќе се растоварат клиниките во Скопје и ГОБ „8 Септември“ и за толку ќе се намали времето на чекање. Посочи дека најзначајно е што пациентите ќе останат во установата каде ја добиваат услугата на секундарно ниво.
Нагласи дека колку повеќе здравствени услуги има на секундарно ниво, побрзо и подобро расте нивниот квалитет, бидејќи, како што појасни, на терциерно ниво се концентрираат на оние услуги кои се посложени и бараат поголемо внимание и повисоко ниво на стручност или можеби друг тип услови.
– Очекувам да се даваат околу 12 вакви здравствени услуги неделно односно по шест во една смена, два пати во текот на неделата. Очекувам дека оваа здравствена услуга во „Мој термин“ ќе биде ставена во наредните 10-тина дена по што ќе може да се користи од сите пациенти кои добиваат здравствена услуга во оваа Поликлиника, додаде Тодоров.
Директорката на Здравствен дом Скопје, Татјана Баевска Вучковиќ рече дека гастроскопот е флексибилен фиброоптичен ендоскоп и ќе се врши ендоскопска дијагностика на горниот гастроинтестинален тракт, на хранопровод, желудник и дванаесетпалачно црево.
Посочи дека со помош на ендоскопот ќе може да се следи градбата на слузницата на овие органи, да се дијагностицираат одредени промени, но може да се интервенира и терапевтски.
– Термините ќе бидат во вторник и петок и ќе се отворат наредната недела од 25 октомври. Во делот на специјалистичката служба интензивно работиме изминатите години на зајакнување на ресурсите на секундарната здравствена заштита. Минатата година сме ја завршиле со 51 здравствена услуга на секундарно ниво, а досега се дадени 41.800 услуги, истакна Баевска Вучковиќ.
Потенцира дека со динамиката со која работи во Поликлиниката Чаир верува дека ќе ги надминат бројките од минатата година, бидејќи, како што рече, во првите шест месеци имале 1.500 повеќе здравствени услуги на секундарно ниво во таа јавна здравствена установа која како специјалистичка служба опфаќа четири општини. На овој начин, нагласи, успеваме и оваа здравствена услуга да ја доближиме до граѓаните односно до нивното место на живеење.
Економскиот директор на Здравствен дом Скопје, Бесим Кока рече ќе инвестираат во методи кои не се користеле во Здравствен дом Скопје и здравствените услуги ќе бидат поблиску до граѓаните.Поликлиниката Чаир денеска ја посети вицепремиерот и министер за здравство Никола Тодоров, кој изјави дека работат на ставање во функција на гастро