Политичка криза се разгоре во Србија поради „криминалните врски“ на премиерот Дачиќ

Политичка криза ја зафати Србија по објавувањето на информацијата за контактите во 2008 година, на сегашниот премиер Ивица Дачиќ, кога тој беше министер за внатрешни работи со претставник од еден од најголемите картели за шверц на дроги на Балканот, по што во неделата во Белград почнаа повици за оставка на владата и предвремени избори.
Информациите за средбата на Ивица Дачиќ со 63-годишниот бизнисмен Родољуб Радуловиќ, наречен Миша Америка, која се појави кон крајот изминатата седмица, во белградските медиуми, официјално ја потврди полицијата. Премиерот самиот призна во саботата навечер на итна прес-конференција дека тој се сретнал трипати со Радуловиќ, но, наводно, во тоа време не знаел на неговата вмешаност во криминални активности. Како поддршка за своето тврдење, Дачиќ на новинарите им ја презентираше ткн Бела книга за активностите на криминалните групи, која ја добил од управата на криминалистичката полиција во декември 2008 година, а во која Радуловиќ не се споменува како претставник на кланот на Дарко Шариќ кого српските власти во тоа време го бараа за шверц на дроги.„Таа информација (за средби со Радуловиќ) јас ги доставив до архивата за да се користат за притисок, кога ќе дојде време“, рече Дачиќ, додавајќи дека никогаш не извршил кривични дела и дека борбата против криминалот е врвен приоритет на неговата владата. Премиерот посочи дека кампањата да се дискредитира владата најверојатно ја водат луѓе кои сакаат да ја спречат борбата против корупцијата.Процената на Дачиќ искажана во неделата е дека српската влада е стабилна и не постојат сериозни политички причини за предвремени избори. Премиерот кој доаѓа од Социјалистичката партија на Србија (СПС) ги отфрли претпоставките дека кампањата против него ја води главниот коалициски партнер – Српската напредна партија (СПС), основана во 2008 година од страна на сегашниот претседател, Томислав Николиќ која победи на изборите во 2012 година.Во меѓувреме, некои политичари и аналитичари велат дека предвремените избори се неизбежни. Лидерот на опозициската Либерална партија, Чедомир Јовановиќ, во неделата го повика Дачиќ да поднесе оставка. И Драган Ѓилас, лидерот на главната опозициска сила во земјата – Демократската партија (ДС). која беше на власт до 2012 година, изјави дека Србија се приближува многу брзо кон предвремени избори.Од друга страна, раководството на владејачката Српската напредна партија (СНС) најави дека планира во понеделник да одржи итен состанок со цел да се оцени она што се случува на српската политичка сцена во моментов.
 
МакфаксПолитичка криза ја зафати Србија по објавувањето на информацијата за контактите во 2008 година, на сегашниот премиер Ивица Дачиќ, кога тој

Пронајдете не на следниве мрежи: