Последиците од политичката криза почнаа да се чувствуваат во индустријата. Статистиката објави дека во ноември производството паднало за речиси 5%, пренесе Сител.Од јануари пак до ноември индустријата бележи раст од 3,4 отсто. Гледано по сектори – најголем пад има во рударството и вадењето камен. Таму падот инзесува 16,8%. Пораст од над 20 отсто има во снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација. Бизнисот, кој се соочува со откажани нарачки и намалено производство, веќе предупреди на ваквите последици-
Статистиката објави и намалување на бројот на вработени во индустријата за помалку од 1%. Најмногу отпуштања имало во преработувачката индустрија. Од јануари пак до ноември бројот на вработени бележи пораст за 0,2%
За надминување на последиците од кризата и враќање на бизнисот во нормала, бараат брзо формирање на новата Влада. Според нив – ако има скора разрешница, последиците ќе се чувствуваат и во првиот квартал наредната година. Но, доколку потрае – последиците ќе бидат подолгорпочни.Од јануари пак до ноември индустријата бележи раст од 3,4 отсто. Гледано по сектори – најголем пад има во рударството и вадењето камен. Таму