Политичката криза се одрази на индустријата

Последиците од политичката криза почнаа да се чувствуваат во индустријата. Статистиката објави дека во ноември производството паднало за речиси 5%, пренесе Сител.Од јануари пак до ноември индустријата бележи раст од 3,4 отсто. Гледано по сектори – најголем пад има во рударството и вадењето камен. Таму падот инзесува 16,8%. Пораст од над 20 отсто има во снабдувањето со електрична енергија, гас пареа и климатизација. Бизнисот, кој се соочува со откажани нарачки и намалено производство,  веќе предупреди на ваквите последици-
Статистиката објави  и намалување на бројот на вработени во индустријата за помалку од 1%. Најмногу отпуштања имало во преработувачката индустрија. Од јануари пак до ноември бројот на вработени бележи пораст за 0,2%
За надминување на последиците од кризата и враќање на бизнисот во нормала,  бараат брзо формирање на новата Влада. Според нив – ако има скора  разрешница, последиците ќе се чувствуваат и во првиот квартал наредната година. Но,  доколку потрае – последиците ќе бидат подолгорпочни.Од јануари пак до ноември индустријата бележи раст од 3,4 отсто. Гледано по сектори – најголем пад има во рударството и вадењето камен. Таму

Пронајдете не на следниве мрежи: