Политички Дезертери

Најновата колумна на универзитетската професорка Билјана Ванковска.Резултатите од изборите – нашите, се разбира – не ги коментирав, освен што за неколку странски медиуми прогнозирав дека ќе имаме мор оф д сејм (more of the same), т.е. дека ќе остане политичкиот статус кво. И сега сум повеќе испровоцирана од резултатите за Европскиот парламент, можеби затоа што таму има повеќе од нешто друго, но одлучив да си останам дома и да не берам туѓи гајлиња. Моите европски пријатели прво беа во шок и очај поради политичкиот земјотрес што го предизвикаа евроскептиците (што е благ назив за крајна десница), за потоа набргу да се утешат дека тоа сепак бил земјотрес со низок интензитет и дека немало значајно да се одрази на политиката на Парламентот и воопшто на ЕУ.
Најиндикативна е оптимистичката изјава дека чашата е полупразна, односно дека европските граѓани и натаму во убедливо мнозинство им даваат доверба на умерените партии (без оглед што „умерениве“ се толку умерени што веќе си личат како јајце на јајце, па едвај и може да стане збор за левичари и конзервативци). Набргу бурата ќе се смири и сѐ ќе биде бизнис ес јужуал. Освен што националните лидери ќе ја зајакнат популистичката реторика за да им парираат подобро на растечките ривали од темнината. Не знам дали некому таму во интелектуалната сфера ќе му засветли алармот за незавршена домашна задача, особено ако се има во вид дека дваесетина години градат кариери на демократизирање на трети земји. Умниот Хабермас неодамна предупреди дека политичарите се однесуваат кон ЕУ како кон елитистички проект и дека е крајно време да им ја доближат на граѓаните. Јас ова го разбирам како нужност европските политики да почнат повеќе да се грижат за граѓаните отколку за банките и за корпорациите. Единствениот светол пример (кој, за жал, европските слепци ќе го сместат меѓу „евроскептиците“ поради радикално левата ориентација) е 91-годишниот антифашист Манолис Глезос, кого судбината повторно го соочува со злото, сега во вид на неонацизам – и во неговата земја и во повеќе други држави, меѓу кои најзагрижувачка е Франција. Анализите покажуваат дека најголемата поддршка за Народниот фронт на Ле Пен дошла од младите и од работниците.

 
Во врска со дуплирањето на освоените места на „евроскептиците“ (контејнер во кој се ставени сите што се залагаат за напуштање на ЕУ, еврозоната или се само критични кон ваквата ЕУ), мнозина го поставија прашањето: зошто луѓе со вакви политички убедувања воопшто учествуваат на европските избори и потоа седнуваат на удобното столче. Дали е тоа лицемерство, профитерство, немање вистински политички гард? Токму ова прашање наведува на правење паралела, односно споредба со нашите опозициски пратеници што ги враќаат мандатите добиени од граѓаните. Колку и да е несоодветно да се споредуваат европски со национални избори (со евидентен демократски дефицит), краткиот одговор би бил дека евроскептиците, па и најжестоките противници на ЕУ, се разликуваат од нашите најголеми демократи токму по тоа што ги прифаќаат правилата на играта, а борбата за својата визија ја водат низ институциите. Тоа е прашање на политичка култура (колку и да звучи парадоксално зборот култура да се споменува во контекст на Ле Пен и барањето еболата да ја заврши валканата работа со несаканите иселеници). Точно е дека неонацистите во земјите на ЕУ имаа регуларни избори и ферплеј (дури и повеќе од тоа што можеме да го прифатиме, бидејќи ние паѓаме во „несвест“ од изјави на Груевски и на Ахмети, кои се мачкина кашлица во однос на тамошниот вокабулар). Точно е дека овде изборите беа „ефикасни“ и изостанаа квалификациите за фер и демократски.Целата колумна на Билјана Ванковска прочитајте ја на Нова МакедонијаРезултатите од изборите – нашите, се разбира – не ги коментирав, освен што за неколку странски медиуми прогнозирав дека ќе имаме мор оф д сејм (mor

Пронајдете не на следниве мрежи: