Политичките партии да не ги користат основните надлежности на УЈП за препукувања

Во врска со изјавите од политичката партија СДСМ: „Приватните фирми во Штип на удар на УЈП, но доаѓа време на промени!“ од 05.09.2016 година, Управата за јавни приходи изразува жалење што сѐ уште одредени политички партии ги користат основните надлежности на даночната администрација и ја доведуваат во прашање работата на УЈП, за цели на некаква дневна политика и меѓупартиски препукувања.Поаѓајќи од фактот што резултатите од работењето на УЈП се транспаретни, не ни е јасно за какви и кои „големи казни“ говори оваа политичка партија, и какви се тие наводни новини кои се предлагаат, кога од 2015 година со измените во Законот за прекршоците, УЈП ги применува новите критериуми за одмерување на висина на глоби во случај на сторен прекршок, односно она што го предлага оваа политичка партија како новитет веќе во пракса функционира и казните се драстично намалени за сторителите на прекршоци кои нема да ги исполнат своите даночни обврски, стои во реакцијата на УЈП.
Оттука, се додава во реакцијата, се поставува прашањето дали оваа партија воопшто ги следи законите и се залага за даночна дисциплина, и дали УЈП треба да си ја врши работата и да има еднаков третман кон сите даночни обврзници или пак инспекторите селективно да работат и да ја злоупотребуваат својата положба со што нема да изрекуваат казни во одредени општини или за одредени обврзници… што се сведува на пропаѓирање на сива економија?Поаѓајќи од фактот што резултатите од работењето на УЈП се транспаретни, не ни е јасно за какви и кои „големи казни“ говори оваа полити

Пронајдете не на следниве мрежи: