Одлуката на Врховниот суд за укинување на решенијата со кои на бизнисменот Сеад Кочан му беше одреден притвор, е потврда за политичкиот притисок извршен врз Кочан кој е осомничен во случајот „Труст“ на СЈО.Врховниот суд вчера информираше дека се укинати решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелацискиот суд Скопје поради повреди на законите од страна на пониските судови.
– По вака донесената пресуда, Кривичниот совет на Основен суд Скопје 1 Скопје ќе треба да одлучува по жалбата на Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите, поднесена против решението на судијата во претходна постапка со кое е одбиен предлогот за определување на мерка притвор, се наведува во вчерашното соопштение објавено на веб страната на Врховниот суд.
Укинувањата на решенијата за притвор на Кочан само потврдуваат дека врз него се врши политички притисок. Дополнително, Кочан е сопственик на медиум (ТВ НОВА) кој не е под контрола на Бихаќка и кој без страв и резерва го пренесува гласот на народот и ја информира јавноста.
Вработениете во телевизија протестираа пред СЈО изминатив период истакнувајќи дека се врши удар на СЈО против медиумите преку што се сака да се изврши политичко влијание и порака на СДСМ преку СЈО до медиумите.
И експертите коментираа дека Кочан е жртва на политички притисоци, а одлуката за притвор е политички мотивирана.
-СЈО предложи мерка притвор иако немаше реална потреба од тоа, со оглед на фактот дека се работи за предмет заснован исклучиво на тендерска документација. Сметам дека одлуката е политички мотивирана, одлучена е во втор степен, а одредени судии избрани во времето на 1996 -кога се бираа судиите во едноумието, ја злоупотребија состојбата за мерка притвор, што претставува заплашување, изјави политичкиот аналитичар Даштевски по одредувањето мерка притвор за сопственикот на „Трансмет“ и „ТВ НОВА“.
Одлуката за притвор, без правно образложение, ја донесе поранешната сопруга на министерот од СДСМ во бегство Владо Димов, Гордана Димова –Спировска. Таа е спорна дотолку повеќе што Кривичниот суд веќе еднаш утврди дека нема основ за притвор, а потоа по жалба на СЈО, Кривичниот совет под палката на Димова донесе спротивна одлука.Врховниот суд вчера информираше дека се укинати решенијата на Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 и на Кривичниот совет Апелациски