Политичко лицемерство на Зоран Заев под палката на САД

Септември 1993 година во Њујорк – Киро Глигоров ги прими претставниците на Албанците во САД и им искажува согласност за нивното барање во Македонија ова малцинство да си ги пишува личните податоци во личните карти во Р. Македонија на албански јазик.Нема потреба да потсетуваме посебно што му се случи во октомври 1994 година. Остана слеп и презрен од Македонците до крајот на животот.
1999 година изборна претседателска кампања – Борис Трајковски радосен дека Албанците по налог на Американците ќе гласаат за него, по инагурацијата им ги заврши сите валкани работи и самиот заврши како што заврши.
Денеска Заев оди низ Македонија ликувајќи дека ќе ја направи двојазична, дали Зоки знае што прави??
Дали нема некој да му каже дека во Македонија не е многу умно да бидеш слеп послушник на американската надворешна политика?
Очигледно дека нема, но тоа е негов проблем, очигледно е дека не ги научил лекциите од минатото.
Дали е ова уште едно од многуте политички лицемерства што навикнавме да ги гледаме токму од челниците на СДСМ? Едно да зборуваат и ветуваат, друго да прават, трето да мислат. Дали Заев повторно решил да се вози на истиот воз и политичкото лицемерство во надградена форма да ни го продава како нова политичка иднина?
Дали ова што е во најава за двојазичнст во Македонија е континуитет на она што неговиот претходник и идеолог на СДСМ Бранко Црвенковски го направи со територијалната поделба кога неколку општини во коишто мнозинството граѓани беше МАКЕДОНСКО ги направи да имаат градоначалници од малцинската етничка заедница односно Албанци? Времето ќе покаже.
Додека се чека на можни исходи од потезите на СДСМ кои се одвиваат под палката на САД, претседателот на СДММ и пратеник, Стефан Богоев претходно оствари студиска посета на Вашингтон (САД) и беше дел од кампањата на Хилари Клинтон, која е кандидатка за претседател од Демократската партија.
На Балканот му се закануваат нови превирања доколку Хилари седне на претседателската фотелја, бидејќи таа важи за голем поддржувач на Албанците.
Годинава беше поставен споменик во Саранда во чест на Хилари Клинтон поради „придонесот што таа го дала за Албанија на меѓународна сцена, за Албанците во значајни историски мигови и воопшто за албанското прашање“.
Да постетиме дека во Приштина во 2009 беше поставен споменик на поранешниот американски претседател и сопруг на Хилари, Бил Клинтон за „неговиот придонес за ослободувањето на Косово“.
Поддршката на овие луѓе од страна на симпатизери од Македонија е јасен показател дека лицето Зоран Заев во Скопје свечено ја фрли првата лопата за подигање на уште еден споменик, овојпат посветен на него – не за етничка еднаквост и демократска земја, туку за да можат идните поколенија да го величат исто како што ги величат неговите американски идоли.
Но, Македонците ќе паметат на кого тој му го даде најголемиот придонес…Нема потреба да потсетуваме посебно што му се случи во октомври 1994 година. Остана слеп и презрен од Македонците до крајот на жив

Пронајдете не на следниве мрежи: