Да ја пееш македонската химна на собирите на движењето „За Заедничка Македонија“ е исто кривично дело како да извршиш напад на државата, да убиеш 8 полициски службеници и да ги загрозиш животите на цел еден град – Основното јавно обвинителство ги изедначи терористите од Диво Насеље со пратениците, уметниците и граѓаните кои протестираа под знамето на движењето „За Заедничка Македонија“.Затоа што ја пеел македонската химна светски познатиот оперски пејач Игор Дурловские е изедначен со Мирсат Ндрецај, терористот од Косово, кој убиваше македонски полициски службеници во кумановско Диво Насеље. И двајцата ОЈО ги товари за исто кривично дело – тероризам.
Покрај Дурловски, од ОЈО за тероризам се осомничени уште 36 луѓе. Најголем дел од нив воопшто не учествувале во насилни акти во Собранието и не удриле никого, а за тероризам се товарат затоа што учествувале на протестите на движењето „За Заедничка Македонија“.
Тие се товарат по членот 313 од Кривичниот законик, кој предвидува минимална казна од 10 години затвор.
Дека станува збор за политичка нарачка од СДСМ, која сега ја реализира обвинителството, говори и фактот што во партиски соопштенија партијата најавуваше дека на овие лица ќе им се суди за тероризам.
На 18-ти минатиот месец, СДСМ во партиско соопштение ја откри точната формулација на кривичното дело за кое денес им се суди на обвинетите кои се во притвор, „Терористичко загрозување и дела против државата и уставниот поредок“.
-Со барањето амнестија за лицата кои на 27 април извршија или беа помагачи на терористичкото загрозување на уставниот поредок и безбедност, ВМРО-ДПМНЕ докажа дека… – рекоа од СДСМ во соопштението пратено на 18ти минатиот месец.
Со ова само се потврдува дека обвинителството работи по директна нарачка на владејачката партија која сака лица како Владо Јовановски, Игор Дурловски, Митко Чавков, Крсто Муковски, Јане Ченто, Богдан Илиевски и др. да ги прикаже во исто светло со терористите од Диво Насеље како Мирсад Ндрецај и Бег Ризај кои убиваа македонски полициски службеници
Вчера СДСМ ригидно реагираше на апсењето на учесниците во иницијативата „За Заедничка Македонија“. Од владејачката партија реагираа дека законите морало да важат и државата морала да се штити од терористи како Дурловски и Јовановски. Но, кога вистински терористи, кои убиваа луѓе беа во прашање од СДСМ немаше вакви жестоки реакции. Тогаш, лидерот на партијата Зоран Заев насмеан се сликаше со подржувачите на терористите од Косово и го покажуваше знакот „Victory”, затоа што била победена македонската држава.Затоа што ја пеел македонската химна светски познатиот оперски пејач Игор Дурловские е изедначен со Мирсат Ндрецај, терористот од Косово, кој убива