Благодарение на радикално нова технологија, батериите на мобилните телефони би можеле да бидат наполнети за само неколку минути, наместо за неколку часови.Суперкапацитаторите можат да ги претворат куќиштата на мобилните телефони, каросериите на автомобилите, па дури и ѕидовите во батерии кои брзо се полнат.
Складираат енергија со собирање на електрично набиените јони на површината на порозниот материјал, наместо во хемиски реакции, како што е случај во батериите.
Истражувачите при лабораторијата Vanderbilt Nanomaterials and Energy Devices тврдат дека ги создале првите функционални прототипови.
Суперкапацитаторот се состои од силициумски електроди, хемиски обработени за да добијат нано-пори на внатрешните површини и потоа обложени со ултратенок заштитен слој од јаглерод, налик на графен.
Помеѓу две електроди е тенок слој на полимер, кој служи како резервар на набиени јони, како електролитната паста во батериите. Кога електродите ќе се стиснат заедно, полимерот се вовлекува во малите пори. Откако ќе се олади и стврдне, се создава исклучително силна механичка врска.
Дознајте повеќе на gsm.mkСуперкапацитаторите можат да ги претворат куќиштата на мобилните телефони, каросериите на автомобилите, па дури и ѕидовите во батерии кои брзо се п