Неодоливо вкусно!Состојки:
120 гр кашкавал по избор, сечен на коцкички
1,5 кг сос од домати
750 гр мелено јунешко месо
1 главицка ситно сецкана кромид
1 јајце
половина шолја презла
1 лажица суво оригано
сол и бибер
Начин на подготовка:
1. Коцкичките сирење или кашкавал префрлете ги во кеса за замрзнување, па замрзнете ги на 1 час.
2. Загрејте ја рерната на 150 С. Плехот обложете го со хартија за печење и премачкајте ја хартијата со масло.
3. Во поголема чинија помешајте ја презлата, 3 лажици од сосот од домати, додадете го месото, кромидот, сол, бибер, оригано и јајце. Од смесата обликувајте топчиња околу 5 см, па во секое топче втиснете од коцките сирење или кашкавал, притоа добро обвиткувајќи ја со месото. Ставете ги на плех и печете 10 мин.
4. Во меѓувреме, остатокот од сосот истурете го во тенџере, поклопете и загрејте го вриење, на среден оган, често мешајќи. Потоа додадете ги ќофтињата, внимателно измешајте, па намалете го оганот, поклопете и гответе 10-15 минути, повремено мешајќи. Послужете со пире од компир.
Добар апетит.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, диети, совети за здравје и начин на исхрана, можете да најдете на фан страната на НАЈАДИСЕ.МК Состојки:
120 гр кашкавал по избор, сечен на коцкички
1,5 кг сос од домати
750 гр мелено јунешко месо