Звонко Костовски, осуден на тригодишна затворска казна во случајот „Пуч“ за шпионажа и незаконско прислушување, е првиот осуденик кој е помилуван по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за укинување на сите постапки против политичарите и од власта и од опозицијатаЗвонко Костовски, кој е осуден на тригодишна затворска казна за случајот „Пуч“, ќе биде ослободен по вчерашната одлука на претседателот Ѓорге Иванов за укинување на сите кривични постапки против политичари и нивни соработници и од власта и од опозицијата.
Основниот суд Скопје 1 денеска соопшти дека во текот на вчерашниот ден од Кабинетот на претседателот била доставена одлука до Судот за помилување и за ослободување од натамошно издржување казна затвор на осуденикот Звонко Костовски, кој на 25 март минатата година беше осуден на тригодишна затворска казна за кривични дела шпионажа и за неовластено прислушување.
Инженерот на УБК, Звонко Костовски, е единствениот осуден во случајот „Пуч“. Тој призна дека неовластено прислушувал и шпионирал, а за висината на казната се спогоди со Обвинителството. Против него не беше поднесен обвинителен акт, но според измените на Законот за кривична постапка, осомничен може да признае вина и да се спогоди и во тек на истрага.
Костовски признал дека во 2010 година стапил во контакт со Зоран Верушевски, инаку првоосомничен во „Пуч“, и по негов налог ги злоупотребил техничките капацитети на МВР внесувајќи телефонски броеви на повеќе политичари и други јавни личности кои биле цел на прислушување. Нивните разговори, според Обвинителството, Верушевски сакал да им ги предаде на странски служби.
Во аферата „Пуч“ е осомничена и сопругата на Верушевски, Соња Верушевска, потоа функционер од Струмица, а како четвртоосомничен се јавува Зоран Заев, лидерот на СДСМ.
Инаку, вчера Иванов во јавно обраќање до граѓаните ја соопшти одлуката за општ прекин на сите постапки против политичарите и нивните соработници, без разлика дали се тие од позиција или од опозиција. Иванов рече дека оваа негова одлука, метафорички кажано, е пресекување на јазолот што ја води Македонија кон безизлезна ситуација.
Во обраќањето до јавноста, Иванов нагласи дека одлуката ја донел во интерес на државата и на нацијата, со цел да ѝ стави крај на политичката криза, која од ден на ден сè повеќе се продлабочува.
– Со намера да придонесам во решавањето на кризата, до релаксирање на односите и намалување на тензиите меѓу спротивставените политички сили и нивните поддржувачи, свесен за последиците врз државата и граѓаните ако останам нем набљудувач во оваа тешка криза, свесен и за последиците врз мене со преземањето на овој чекор, но со силна верба дека носам одлука во интерес на државата и нацијата, нејзината стабилност и независност, одлучив да се стави крај на оваа агонија на Македонија. Метафорички кажано, да се пресече јазолот во согласност со моите уставни и законски овластувања, а преку одлука со која се извршува општ прекин на сите постапки меѓу политичарите и нивните соработници или поддржувачи, од спротивставените страни – истакна Иванов.
Тој потенцира дека при носењето на одлуката се водел исклучиво од државниот и национален интерес и оти не информирал никого од опфатените во овие одлуки.Звонко Костовски, кој е осуден на тригодишна затворска казна за случајот „Пуч“, ќе биде ослободен по вчерашната одлука на претседателот