Една година по основањето на ова обвинителство, почнати се повеќе предистражни и истражни постапки, но не е поднесено ниту едно обвинение. Според законот за СЈО, тимот на Катица Јанева има рок од 18 месеци од формирањето да поднесе обвиненија.На 15 септември, четврток, специјалното јавно обвинителство треба да го поднесе вториот шестмесечен извештај за сработеното до Собранието и до Советот на јавни обвинители. Една година по основањето на ова обвинителство, почнати се повеќе предистражни и истражни постапки, но не е поднесено ниту едно обвинение.
Во изминатите 12 месеци јавноста во неколку наврати беше сведок на драматуршки настапи од страна на специјалните обвинителки, кои живописно ги презентираа случаите за кои почнале истрага, посочувајќи на кривични дела кон личности чија вина сè уште не успеаја да ја докажат. Се поставува прашањето, што сработи ова обвинителство, кое се претвори и во спрега за политички судир меѓу владејачките партии и опозицијата.
Првиот извештај што ги скара Катица Јанева и Петар Аневски, претседателот на Советот на јавни обвинители, СЈО го поднесе во март. Аневски ја повика Јанева лично на седница да го презентира извештајот, а специјалната обвинителка ја одбиваше поканата со образложение дека СЈО има обврска да поднесува, но не и да го презентира извештајот.
„Јавниот обвинител ќе поднесува извештај секои шест месеци за неговите, односно нејзините активности, вклучувајќи и опис за напредок во која било истрага или гонење преземено од јавниот обвинител. Во таквиот извештај може да бидат изоставени материјали кои, според јавниот обвинител, треба да се чуваат како доверливи, но ќе обезбеди соодветни информации за да ги оправда трошоците“, се наведува во законот за СЈО.
Според наведено во првиот извештај, од одобрените средства од 63.420.428 денари, СЈО потрошило 13.542.671 денари од кои за плати на вработените се потрошени 1.682.047. Средствата што не се потрошени се повлечени во Буџетот на РМ.
Во првите шест месеци, СЈО отвори 30 предмети против 80 лица. Според законот за СЈО, обвинителството има рок од 18 месеци од формирањето да поднесе обвиненија кои произлегуваат од содржината на незаконското следење на комуникациите. Специјалното јавно обвинителство поседува 540.646 незаконски прислушувани разговори за кои, според нивните пресметки, би им биле потребни година и половина за преслушување.
Обвинителката Ленче Ристоска на прес-конференција во јуни рече дека направиле статистичка анализа за тоа колку време ќе им биде потребно да ги преслушаат сите незаконски прислушувани телефонски разговори што им ги достави опозицијата.
– Имаме примено 540.646 аудиозаписи. Ако земеме во просек дека еден аудиозапис трае 90 секунди или 1,5 минута, нашите анализи покажуваат дека за 220 работни дена, 11 обвинители доколку 3 часа дневно слушаат од материјалите, ќе им треба повеќе од 1,5 година само да ги преслушаат материјалите – рече Ристоска.
На новинарско прашање кога може да се очекуваат и први обвиненија, со оглед на тоа што СЈО има законски рок од година и половина за покренување обвинителен акт од почетокот на неговата работа, Ристоска рече дека не може да даде прецизен одговор со оглед на обемноста на нивната работа.
– Точно е дека рокот изминува, но кога ќе имаме обвинение, тоа не можеме да одговориме и да дадеме прецизен одговор од причина што тоа зависи од обемот на доказниот материјал што ќе биде собран. Во моментот кога тој ќе биде доволен да упати на можност за покренување обвинение, секако, тогаш ќе имаме обвинение. Не можеме сега да прејудицираме со никакви датуми – рече тогаш обвинителката.На 15 септември, четврток, специјалното јавно обвинителство треба да го поднесе вториот шестмесеч