Поминаа 68 години од атомската бомба врз Хирошима

Јапонија денес одбележува 68 години од атомската бомба врз Хирошима. Ова е еден од најзначајните денови за Јапонија, бидејќи се одбележува 68 години откако врз Хирошима беше фрлена атомска бомба во Втората Светска војна. 
Околу 50.000 луѓе оддадоа почит на загинатите, со минута молчење во мировниот парк во Хирошима, покрај епицентарот на атомската експлозија што се случи на 6 август 1945 година, кога загинаа 140.000 лица.
Три дена подоцна атомската бомба е фрлена врз Нагасаки, каде загинаа уште неколку десетици илјади луѓе, што доведе до предавање на Јапонија на сојузничките сили.
Јапонскиот премиер Шинѕо Абе, еден од многубројните државници кои присуствуваа на церемонијата на одбележување на годишнината од трагедијата, изјави дека Јапонија, како единствена земја која доживеала нуклеарен напад, има должност да се залага за уништување на нуклеарното оружје.
Тој не ја спомена дилемата со која неговата земја, сиромашна со ресурси, се соочува кога е во прашање нуклеарната енергија, ниту десетиците илјади луѓе кои се раселени поради ризикот од радиоактивно зрачење во околината на нуклеарката Фукушима, оштетена по разорниот земјотрес и цунамито во 2011 година.Ова е еден од најзначајните денови за Јапонија, бидејќи се одбележува 68 години откако врз Хирошима беше фрлена атомска бомба во Втората Светска во

Пронајдете не на следниве мрежи: