Поминаа две години од крвавите убиства предизвикани од Брејвик

Поминуваат и две години од страшниот масакар во Норвешка каде што беа убиени вкупно 77 луѓе од страна на Андрес Беринг Брејвик. 
Норвешкиот премиер Јенс Столтенберг одржа говор во Владата каде што посочи дека таков тероризам не смее да биде повторен на територија на Норвешка, како и во целиот свет. 
„Никогаш не треба да заборавиме што се случи на 22-ри јули 2011-та година, но исто така тоа не смее да биде повторено. Норвешка треба да биде отворена демократија каде што сите граѓани треба да се чувствуваат безбедно и слободно да се движат“. 

Судот во Осло едногласно го прогласи 33-годишниот екстремист за одговорен за своите постапки, додека обвинетиот ја сослуша пресудата со насмевка.
Брејвик е одговорен за терористички напад пред зградата на владата во Осло, во кој загинаа осум лица и за оружен напад на осторвот Утоја каде уби 69 лица. Тој е осуден на најмалку 10, а најмногу 21 година затвор, што е максимална казна во Норвешка.
Поминуваат и две години од страшниот масакар во Норвешка каде што беа убиени вкупно 77 луѓе од страна на Андрес Беринг

Пронајдете не на следниве мрежи: