Поминете ја зимата „пукајќи“ од здравје: Три начини да го зајакнете имунитетот кога најмногу е потребно!

Во сезоната на грип особено е важно да го зајакнете имунитетот.Иако многумина мислат дека за добра одбранбена способност на организмот треба понекогаш да се земе некој суплемент, експертите велат дека многу е поважен квалитетот на намирниците што ги внесуваме.
-Храната како лек: Антивоспалителни својства имаат темнозелениот зеленчук, бобинките, лососот, доматот, а се препорачуваат и намирниците богати со витамин Ц, како лимон, портокал, мандарина, кељ, пиперки, зелка…
-Добри бактерии: Силниот имунитет има потреба од пробиотици кои содржат „добри“ бактерии, а тие се корисни и за спречување на инфекциите. Според тоа, пробиотиците можат да ни помогнат да го зајакнеме имунитетот и не чуваат од настинка и грип. Тие можат да се земаат во таблети, но добри бактерии содржат и ферментираните намирници, како кефирот и јогуртот, па се препорачува нивен зголемен внес пред сезоната на грип.
-Свеж воздух, физичка активност и сон: Дури и кога е ладно, излегувањето на свеж воздух го јакне имунитетот. Се разбира, внимавајте да бидете адекватно облечени. Дури и во затворен простор, каде вирусните инфекции многу брзо се шират, редовното отворање на прозорецот го намалува ризикот од зарази. За јакнење на имунитетот потребно е и редовно вежбање, но и доволно сон. Ноќниот одмор не би требало да е пократок од седум часа, а за јакнење на имунитетот важно е и попладне да одвоите 20 минути за дремка.Иако многумина мислат дека за добра одбранбена способност на организмот треба понекогаш да се земе некој суплемент, експертите велат дека многу е п

Пронајдете не на следниве мрежи: