Вејн Руни стана мета на британскиот хумор и полицијата. Капитенот на Манчестер Јунајтед го исмеваат на профилот на манчестерската полиција.„Се бара Вејн Руни. Последен пат е виден на подрачјето на Трафорд во црвена маица. Ако го видите, известете ги нашите колеги“ – напишале духовитите полицајци.
И никој нема што да им замери. Руни оваа сезона одигра цели 10 натпревари во Премиер лигата и заби само два гола. Понатаму, 180 минути остана без учинок во Лигата на шампионите и време е да се врати на вистинскиот пат, како и останатите стрелци во дресот на Јунајтед.
Фудбалскиот клуб и не котира лошо на табелата (4. место), кога ќе се земе в предвид дека во 11 кола имаат забиено 15 голови. Хуан Мата и Ентони Матријал ги предводат стрелците на Јунајтед со по три голови.
Wayne Rooney declared a 'missing person' by Greater Manchester Police tweet: https://t.co/xFqQGrQUBk pic.twitter.com/TPv1pD1Xhq
— Telegraph Football (@TeleFootball) November 2, 2015
„Се бара Вејн Руни. Последен пат е виден на подрачјето на Трафорд во црвена маица. Ако го видите, известете ги нашите колеги“ – н