Марјан има 17 години и оштетен вид. Носи наочари со голема диоптрија. Во мај треба да прави операција на очите во Србија. Сѐ било закажано, парите биле собрани, но Марјан го нема.„Вакво нешто првпат ни се случува. Марјан има проблем со ориентацијата заради оштетениот вид, ама секогаш се враќал дома“ – вели неговата мајка Вики.
Тој последен пат бил виден во Градскиот трговски центар, со напис пред себе, со апел за помош за пари за неговата операција. Тогаш ѝ се јавил на мајка му, рекол дека доаѓ, и оттогаш го нема. Мобилниот му е исклучен. Пред два дена им јавиле дека Марјан бил виден на автобуската станица во Ресен, но додека дошла полицијата, Марјан пак го снемало.
Родителите и роднините на Марјан повторно апелираат до сите граѓани, ако го видат детето веднаш да се јават, овојпат на нивниот телефон 075 837 047.
„Вакво нешто првпат ни се случува. Марјан има проблем со ориентацијата заради оштетениот вид, ама секогаш се враќал дома“ – вели негова