Помош од општина Чешиново-Облешево за настраданите од поплавите

Екипи од општина Чешиново-Облешево заедно со градоначалникот Костадин Личков и денеска работат на санирање на штетите од поплавите во Скопје. Тие го расчистуваат теренот, помагаат во испумпување на водата и калта од домовите на настраданите.– Ние како општина добро знаеме што значи да се биде зафатен од поплави, бидејќи неколкупати го почувствувавме тоа и затоа упатуваме апел до сите хумани луѓе кои доброволно сакаат да помогнат во расчистување на штетите во поплавените подрачја како и вчера и денеска да ни се придружат во акцијата. Од  пред општинската зграда во Облешево организирано во текот на денот се заминува за Скопје, истакнува градоначалникот Костадин Личков.
Во општина Чешиново-Облешево веќе четврти ден е отворен пункт каде граѓаните можат да донираат вода, средства за хигиена, конзервирана храна и други работи за настраданото население. Собраната донација во изминатите три дена е доставена до пунктот на Црвен крст на Македонија.– Ние како општина добро знаеме што значи да се биде зафатен од поплави, бидејќи неколкупати го почувствувавме тоа и затоа упатуваме апел до

Пронајдете не на следниве мрежи: